Translate

Thursday, May 2, 2013




Вегетаријански начин на живот

За неопходноста од вегетаријанска исхрана
Наслов на оригиналот:  Vegetarisch Leben
Автори:  Роналд Цурер и Армин Ризи (Ronald Ziirrer & Armin Risi)


Издавач на оригиналот: © 1999 Govinda-Verlag GmbH Сите права се задржани.
Дозволено е објавувањето на делови од оваа брошура при едновремено наведување на изворот.

За многу луѓе јадењето месо е нешто сосема природно, нешто за што човек речиси и не размислува.

Од друга страна, пак, кога човек малку ќе се подзапраша и критички ќе се осврне врз своите навики во однос на исхраната, многу брзо ќе увиди дека луѓето од нашиот културен простор всушност немаат никаква видлива причина за јадење месо.

Напротив, месната исхрана повлекува со себе многу проблеми и негативни последици.


Во оваа брошура ќе се обидеме да ви претставиме избор од најважните аргументи во прилог на „лакто-вегетаријанската" исхрана - вегетаријанска исхрана со млеко и млечни производи, a без месо, риба и јајца. Освен тоа, при крајот на оваа брошура ќе изложиме и некои основни филозофски поставки за ваше понатамошно размислување.


Оваа разновидна и многузначна тема може да се подели на следните шест категории, на кои им посветуваме по едно поглавје.

 


Здравствени аспекти

 



Дали месната исхрана предизвикува некои болести? Може ли, од друга страна, една исклучително вегетаријанска исхрана да ја подобри здравствената состојба или да го врати здравјето во целост? Може ли вегетаријанската исхрана да спречи некои болести или да не заштити од нив?
Вегетаријанците, подучени од сопственото искуство, веќе со векови одговараат позитивно на овие прашања, и покрај тоа што современата наука во повеќето случаи не зазема, или пак си до скоро не заземаше, јасен став. Сепак, од неодамна медицинските истражувања ширум светот нудат се повеќе докази за директната врска меѓу јадењето месо и низа болести. Ова пред се се однесува на некои од таканаречените цивилизациски болести, како што се артериосклерозата, болестите на срцето и на кардиоваскуларниот систем, зголемениот крвен притисок, зголемената телесна тежина, artritis urica, реумата, шеќерната болест и ракот.
Докажано е дека од овие болести вегетаријанците се разболуваат во многу помала мера отколку луѓето што конзумираат месо. На пример, веројатноста дека еден вегетаријанец ќе умре од инфаркт изнесува само околу 5% од статистичката веројатност кај просечниот човек - што е околу 20 пати помалку! Исто така, и кај најразличните форми на заболувања од рак, просекот на заболувања кај вегетаријанците изнесува помалку од 10% од вообичаената статистичка веројатност кај другите луѓе!

 

 

Срцеви заболувања

 

Научниците веќе од поодамна го изразиле сомнежот дека јадењето месо предизвикува затнување на артериите и го потпомага развојот на срцевите болести. Веќе во 1961 година билтенот на американското здружение на лекари пишува: „Од 90% до 97% од срцевите болести би можеле да се избегнат само со помош на вегетаријанска исхрана". (Journal of the American Medical Association, 176/1961)
Белковините што ги содржи месото не можат целосно да се разградат во човечкото тело, се разградуваат најмногу 70% од нив. (Спротивно на белковините од растително потекло или на оние во млекото и млечните производи, што се по мерка на човековата исхрана, и можат во целост да се разградат - сварат - и употребат во човековото тело). Составните делови од животинските белковини што не можат да се разградат, како на пример холестеринските масти, бавно но сигурно стануваат проблем за човекот, бидејќи се наталожуваат на внатрешните ѕидови на артериите и ја пореметуваат циркулацијата на крвта во организмот.

Попречувањето на циркулацијата доведува до значително поголемо оптоварување на срцето при пумпање крв низ стеснетите и вкрутени крвни садови заради снабдевање на телото со неопходниот кислород и хранливи материи. Ова води кон зголемен крвен притисок и станува причина за заболувања на срцето и за инфаркт, како и за некои старосни болести, на пример надалеку распространетата алцхајмерова болест. (Според Фастиџи, „Крај на болестите", Fastiggi, The End of Disease).


Само до пред стотина години во Европа основа на човечката исхрана беа житото, зеленчукот, мешункастите растенија, компирот и овошјето, a повремено и млечните производи од ливадските крави. Во втората половина на XX век овие состојки се повеќе и повеќе се заменуваат со месо, риба, живина, јајца и други масни состојки богати со белковини, a сиромашни со виталните животни состојки, како и со млеко и млечна производи произведени од варено и стерилизирано млеко. Така, денес западните европјани и северно-американците конзумираат околу 33% повеќе млечни производи, 50% повеќе говедско месо, 72% повеќе риба, 190% повеќе јајца и 280% повеќе живина. Оваа промена на животните навики разбирливо доведува до значителни здравствени последици, што особено се гледа во драстичното зголемување на веќе споменатите цивилизациски болести. (Според: Dr. Med. Werner Hartinger (Вернер Хартингер), хирург и прв претседател на здружението „Лекарите против експерименти врз животните", 1998).
Додека во XX век во исхраната се воведуваат се повеќе животински производи, паралелно со тоа е регистриран и годишен пораст од 3% до 5% на смртоносните срцеви заболувања и заболувањата од рак. Така денес овие заболувања чинат околу две третини од вкупните смртоносни заболувања во западните земји. Само за период од 10 години, меѓу 1975 и 1985 година, заболувањата на срцето и на кардиоваскуларниот систем во Германија се зголемиле за 41%, туморните заболувања кај децата и возрасните за 80%, вкупниот број на болнички лекувања за 114%, a болестите при бременоста, породувањето и вкупните болнички денови за 227%. (Информациите се земени од сојузното здружение на германските здравствени осигурувања.)

 

Рак

Покрај тоа, истражувањата во последните 30 години недвосмислено укажуваат на постоње на директна зависност меѓу конзумирањето месо и ракот на цревниот тракт, желудникот и градите. Така, на пример, Берлинскиот институт за социјална медицина и епидемиологија има спроведено една научна споредбена студија меѓу вегетаријанците и месојадците, која предизвика голем интерес во јавноста.

Швајцарскиот весник „Neue Ztircher Zeitung" (Ноје Цирхер Цајтунг) во своето издание од 23-ти јули 1986-та објавува напис за оваа студија и го заклучува следното во однос на подложноста кон тумори и канцерогени заболувања: „Ракот на дебелото црево, што во 80% од случаите е предизвикан од погрешна исхрана, скоро и не се појавува кај вегетаријанците. ... Понатамошни позитивни наоди кај вегетаријанците се ниските вредности на креатин и уринска киселина; a докажано е дека и artritis urica кај нив се појавува поретко отколку кај месојадците. Истото важи и за заболувањата на бубрезите."
Германскиот весник Берлинер Куриер (Berliner Kurier) на 21.3.1998 го објавува следниот напис: „Речиси отсекогаш сме наслутувале - но сега веќе научниците конечно тоа го докажаа: Здравата исхрана може драстично да го намали ризикот од канцерогени заболувања. Според научниците на светската здравствена организација (WHO), при разновидна исхрана со многу овошје, зеленчук и жито, секој петти тумор воопшто не би ни настанал.

При зголемување на конзумирањето на зеленчук од 150 на 400 грама дневно, ризикот за заболување од рак на белите дробови се преполовува, тврди Фрајбуршкиот експерт за исхрана Гудрун Цирхер (Gudrun Ziircher)."
Bo досега најопсежната студија за вегетаријанците, со која беа опфатени 11.000 луѓе во период од дванаесет години, беше поразено дури и тврдењето дека вегетаријанците се поздрави и живеат подолго, само заради тоа што водат, општо земено, посвесен начин на живот. Преку споредба со една контролна група, која освен конзумирањето месо водела подеднаков начин на живот и имала подеднаков социјален статус како и испитуваните вегетаријанци, беше докажано дека скоро сите здравствени параметри кај вегетаријанците се многу подобри од оние на месојадците. Смртноста предизвикана од тешки болести е 20% пониска кај вегетаријанците, смртноста од канцерогени заболувања дури 40% пониска. (Податоците се објавени во јуни 1994 година во Британскиот здравствен журнал - British Medical Journal).
И други репрезентативни научни студии во Германија, кои во изминативе години се спроведени во тесна соработка со сојузот на вегетаријанците на Германија врз повеќе од 4.000 вегетаријанци, на пример онаа на универзитетот во Гисен (Giessen), во центарот за канцерогени истражувања во Хајделберг (Heidelberg) и во сојузното министерство за здравје и здравствена заштита во Берлин, доаѓаат едногласно и недвосмислено до истиот заклучок:
Вегетаријанците имаат најмала општа подложност на заболувања, најнормална телесна тежина, најдобри лабораториски наоди и најповолни вредности на крвниот притисок. Нивната подложност на инфекции не е ниту 20% од просечната вредност, исто така е ниска и неопходноста од лекарски прегледи и интервенции. Покрај тоа, наспроти широко распространетите предрасуди, вегетаријанците не страдаат од недостатоци или ограничувања во своите телесни способности. И покрај забележителното зголемување на просечно доживеаната старост, постојат значително помалку канцерогени заболувања; просечното време на живот по заболувањето од рак станува значително подолго, дури и во случаи кога на вегетаријански начин на исхрана се преминало по започнувањето на болеста.

 

 

Проблеми со органите за варење

 

Природно се наметнува прашањето, зошто месојадците се драстично поизложени на гореспомнатите болести? Една од причините, која најчесто се спомнува од страна на биолозите и стручњаците за исхрана, е неприлагоденоста на човечкото тело за варење месо.
Месојадните животни имаат мала должина на цревниот систем (два до четири пати подолг од должината на телото), така што месото што лесно се распаѓа и што е токсично може брзо да се исфрли од телото. Но бидејќи растителната храна значително побавно се распаѓа од месото, вегетаријанските суштества (со исклучок на преживарите) имаат цревен систем со должина 6 пати поголема од должината на телото. Цревата на еден возрасен човек се долги околу 9 метри, што изнесува нешто повеќе од петократна просечна телесна должина. Кога човекот јаде месо, како спореден процес и последица на тоа настануваат отровни и штетни материи (отпадни производи предизвикани од бактериите содржани во месото), што неминовно ги преоптоваруваат бубрезите, a долгорочно доведуваат до болести како што се artritis urica, артритис, реума, здебелување на црниот дроб, шеќерна болест и рак.
Ha горе наведеното денес се додава и фактот што човекот со месото во себе ги внесува и сите хемиски препарати што денеска им се даваат на животните и со тоа уште повеќе ги оптоварува органите за варење. Овој дополнителен аспект на загрозувањето на човековото здравје како последица од јадењето месо ќе биде поблиску објаснет во второто поглавие.

 

 

Белковините и нивното место во човековата исхрана

 

Но, не мора ли човекот да јаде месо и јајца за да козумира доволно белковини? Ова е еден од главните аргументи на месојадците против вегетаријанскиот начин на исхрана. Наспроти се, одговорот е многу јасен и гласи: не! Според најновите научни истражувања човекот може и тоа како здраво да живее без животински белковини, a за еден вегетаријанец што конзумира млеко и млечни производи во секој случај не постои никаква опасност од недостаток на белковини.
Без разлика дали се од растително или животинско потекло, сите белковини се составени од околу 20 различни амино-киселини. Човечкиот организам не е во состојба сам да синтетизира осум од нив; значи, овие амино-киселини мора да се дотураат од надвор, да се внесат со храната. Сите овие осум „основни" амино-киселини се содржани во растителната храна и во млекото. Следствено на ова, на човекот не му е воопшто неопходно да јаде месо за да ги подмири своите потреби за неопходните белковини. Напротив, воздржувањето од јадење месо може значително да го подобри метаболизмот на белковините во човековиот организам.
Званичните препораки за дневната потреба на белковини во последните четириесет години се намалени од 150 на најмногу 30 грама. Зошто? Затоа што веродостојни истражувања направени ширум светот докажале дека ни се неопходни многу помалку белковини отколку што се сметало порано! Високите вредности за дневните потреби од белковини биле пред неколку децении прифатени под силното влијание на месната индустрија; тие не биле мотивирани од желбата за подобро здравје и поквалитетна исхрана на човештвото, туку единствено од интересот за пораст на заработувачката. Вистинската дневна потреба на белковини се движи некаде од 25 до 30 грама. Се што се конзумира над оваа вредност не е само расфрлање со прехрамбените производи, туку може да предизвика и опасни пореметувања и штети на човечкиот организам.
Познатиот светски стручњак, проф. д-р Лотар Вендт (Lothar Wendt), докажува дека прекумерното количество животински белковини се таложи во крвните садови и во врзувното ткиво помеѓу клетките, со што се попречува снабдувањето на органите, мускулите, коските, зглобовите и кожата со витални состојки. Затоа, прекумерното внесување на животински белковини може да биде причина за зголемен крвен притисок, инфаркт, излив на крв, артериосклероза, artritis urica, polyarthritis и реума. Постојат и извесни индикации за врската меѓу конзумирањето белковини од животинско потекло и драстичното зголемување на бројот на алергиските и кожните заболувања, како на пример неуродермитисот. (Извор: Лечење со помош на разградување на прекумерните количества белковини - Gesund werden durch den Abbau von EiweiBiiberschiissen - 1991)
Значи, за обезбедување на нашите дневни потреби од 30 грама бековини воопшто нема потреба од месо; не само што тоа е возможно, туку е и многу поздраво. Белковините треба да се конзумираат од растителната храна, во вид на жито, мешункасти растенија, грав, грашок, леќа, орашести овошја и од млечни производи. Тоа е потврдено и од Здравствената дирекција на Циришкиот кантон (Швајцарија), во ' нејзиниот званичен Здравствен план (Gesundheitsplaner) од 1990 година: „Има многу комбинации од растителна исхрана, чија белковинска вредност е барем толку добра за исхраната на човекот, колку и онаа составена од животински белковини."
Фактот дека на човекот не му се неопходни толку многу белковини може да се докаже и со следниот податок: како доенче на човекот му е неопходна најголема концентарција на белковини во исхраната, бидејќи за рок од само неколку месеци неговата телесна тежина двојно се зголемува. Но и покрај тоа, природната исхрана на доенчињата е мајчиното млеко, кое содржи 2,8% белковини. Според тоа, еден возрасен човек сигурно не може да има потреба од повеќе од 2,8% белковини во својата исхрана, што потполно одговара на составот на вегетаријанската исхрана. (Овошјето и зеленчукот содржат 1,5 - 2,0%, млекото 4%, житото 5 - 10% a месото 15 - 25% белковини. Треба да се спомне и тоа што животинските белковини, згора на нивната висока концентрација, не се ниту разградиви во целост во човечкиот организам.)
Значи, прашањето не треба да гласи: од каде се снабдуваат вегетаријанците со белковини? Вистинското прашање е: како успеваат месојадците да се ослободат од прекумерните количества штетни белковини?
Истото важи и за други важни хранителни состојки, како на пример железото или калцијумот. Весникот „Die Weltwoche" (Ди Велтвохе) од Цирих, во изданието од 12.2.1987 пишува: „Од Германија доаѓа една радосна информација за сите вегетаријанци. ... Една петгодишна студија дојде до поволни информации. Благодарение на студијата побиено е суеверието дека оние што не јадат месо страдаат од недостиг на железо во исхраната. Студијата докажува дека луѓето кои внесуваат помалку железо во исхраната (месото просечно придонесува за 30% од вкупното количеството на железо), едноставно се во состојба да ослободат повеќе железо од растителната храна. Многу сличен механизам постои и за калцијумот."
Новиот Циришки весник (Neuer Ziircher Zeitung) во веќе споменатиот коментар на берлинската студија за вегетаријанската исхрана продолжува: „Многу често се вели и пишува дека вегетаријанската исхрана неминовно предизвикува недоисхранетост. Ова тврдење се покажа како неисправно. Денес е јасно дека вегетаријанците долго време не биле земани сериозно од страна на научниците и лекарите само поради предрасуди.

 

 

Зошто јајцата немаат место во вегетаријанската исхрана?

 

Постојат три различни видови вегетаријанци:

  1. Вегани, кои се хранат исклучиво со храна од растително потекло, без месо, риба, јајца или пак млеко и млечни производи.

  2. Лакто-вегетаријанци, кои исто така воопшто не конзумираат месо, риба и јајца, но конзумираат млеко и млечни производи.

  3. Ово-лакто-вегетаријанци, кои освен млеко и млечни производи конзумираат ијајца.

Авторите на оваа брошура припаѓаат на средната група вегетаријанци, на лакто-вегетаријанците. Кои се причините луѓето да се воздржуваат од јадење јајца?
Општо земено, јајцата не се здрави за човечката исхрана, бидејќи како „течно месо" се распаѓаат во органите за варење уште побрзо и од месото. Згора на бактериите и отровните материи што настануваат при распаѓањето на јајцата, јајцето по природа содржи многу холестерин, за кој веќе се знае дека е мошне проблематичен за човековото здравје.
Без оглед на тоа дали е оплодено или не, јајцето не е природно за човековата исхрана. Освен тоа, состојките што се содржани во јајцето (пред се белковините), како што веќе погоре опишавме, можат многу лесно и безопасно да се надоместат со вегетаријанската исхрана. Дури и колачите, тортите и останатите благи јадења лесно може да се приготват и без јајца. (За понатамошни информации ве молиме да се обратите, на пример, на Готвачот од Петра и Јоахим Скипе, спомнат при крајот на книгава.)

 

 

Вистинската вредност на млекото и кравите

 

Во врска со ова често се поставува и прашањето: Ако човек не треба да јаде јајца, зашто тогаш смее да пие млеко? Зарем тоа не е исто? He. За разлика од јајцата, млекото е природно наменето за човековата исхрана и човек смее да го користи бидејќи кравите, дури и кога не се „индустриски" хранети, даваат повеќе млеко одошто им е неопходно на телињата.
Природата прекрасно замислила кравите да јадат трева, која е безначајна за човековата исхрана, и да ја претвораат во скапоцена прехрамбена состојка. Млекото ги содржи сите прехрамбени состојки, белковини и витамини што му се неопходни на човекот и може да се користи на разни начини. Освен тоа, жешкото млеко помага да се развијат и пофините мозочни клетки, кои се неопходни за разбирање на духовните теми. (Во Индија има примери на мудреци и јогини кои се хранат само со млеко.)
Во староиндиската култура говедата важеле за вистинско богатство на луѓето, бидејќи ја обезбедувале основата на човечкото општество: кравите биле извор на млеко, биковите и воловите биле идеална и незаменлива помош при обработката на полињата без употреба на дополнителна енергија, додека нивниот измет бил користен како вредно и природно ѓубриво, па дури и како средство за огрев и како градежен материјал. Благодарение на овие витални придонеси за човекот, кравите и говедата биле сметани за втора мајка и татко на луѓето, и поради тоа не биле колени дури ни во длабока старост.
Наспроти општото мислење, кравите и говедата не важат за „свети животни" во Индија дури ни денес, во смисла да се обожуваат како богови; луѓето само ги ценат и штитат како скапоцени и неопходни членови на општеството. Благодарение на овој економски систем, Индија, која отсекогаш била претежно вегетаријанска, до навлегувањето на западното влијание била една од најбогатите земји на светот. Впрочем, со тоа во толкава мера ги има фасцинирано европските морепловци од 16-от век.
Co цел да се зголеми заработувачката, на нашите простори кравите се колат веднаш по намалувањето на нивната млечност; говедата обично се колат уште како телиња. Краткорочното, кусогледо и ладнокрвно стопанисување на сточарската индустрија има загубено секакво чувство за вистинската вредност на овие животни и затоа е под критична зависност од машинската, нафтената и хемиската индустрија, како и од светските банки.

Човекот како природен вегетаријанец

Често се поставувауште едно прашање: зарем човекот не е по свој ата природа месој адец, или барем сештојад? Оваа дилема е исто така базирана врз едно недоразбирање. И покрај тоа што човекот може да јаде многу работи (биолошки гледано, тој е во состојба да се храни и само со месо и само со храна од растително потекло), тоа ни оддалеку не значи дека се што тој може да изеде е здраво и благопријатно. Напротив: градбата и структурата на неговото тело јасно говорат дека исхраната без месо е многу подобра и поприродна за човекот.Тоа е многу очигледно од споредбата која се наоѓа на дното на страницата.Значи, човекот по својата природа недвосмислено е за растителна исхрана. Ова доаѓа до израз и во фактот што тој не може да ги јаде убиените животни сурови, туку мора да ги суши, вари, зачинува или пече, пред воопшто да и да помисли да ги изеде. Освен тоа, човекот претежно јаде месо од кое се составени мускулите. Останатите делови на животните, како на пример крвта, врзното ткиво, коските и внатрешните органи - што се, впрочем, делови на животинскиот труп најбогати со минерали и белковини и кои природните месојадци редовно ги конзумираат - човекот или воопшто не ги јаде, или ги јаде само во исклучителни случаи. Ниедно друго суштество од природата предодредено за јадење месо не го чини тоа.
Покрај тоа, вегетаријанци се и животните кои во синџирот на еволуција се најсродни со луѓето - човеколиките мајмуни.

Јадењето месо и телесната енергија

Фактот што гореспоменатите цивилизациски болести во голема мерка се предизвикани од јадењето месо станува уште поочигледен кога ги набљудуваме луѓето од други култури, во кои месото се јаде многу ретко или нималку. Од пред извесно време, научниците започнаа систематски да ја проучуваат здравствената состојба на овие народи, што доведе до многу јасни заклучоци. Нашироко се познати примерите на еден сточарски народ од планинските делови на Еквадор и на племињата Хунца во Кашмир, како и на различни народи од јужна Индија, каде што речиси воопшто не се сретнуваат ракот и кардио-васкуларните заболувања и покрај тоа што во овие народи има забележително многу луѓе што доживуваат старост од 80, па дури и од 110 години.
Наспроти тоа, кај племињата што скоро исклучително се хранат со месо и риба паѓа во очи брзината на стареење. На пример, кај Ескимите и Киргизите просечниот животен век е само околу 30 години, a да се најде човек што доживеал повеќе од 40 години претставува вистинска реткост!
Споредбените студии докажуваат значајна предност на вегетаријанската исхрана и начин на живот не само во поглед на долговечноста, туку и во поглед на физичката способност. При телесни напрегања вегетаријанците пројавуваат многу поголема издржливост отколку месојадците, a неопходни им се и многу пократки периоди на одмор, бидејќи вегетаријанската исхрана делува по природен пат регенеративно, додека месото дава само краткорочен импулс на енергија, сличен на оној од кафето. Но, веднаш по тој прв импулс телото од веќе опишаните причини се оптоварува со недостатоците на месната исхрана. Ова се гледа и во животинското царство. Треба само да споредиме што е во состојба да сработи еден вол, камила или коњ во споредба со лав, тигар или куче. Освен тоа, најголемите и најсилни животни на светот се исклучително вегетаријанските, како на пример слонот, носорогот, горилото или биволот.
Дури и Брокхаус (Brockhaus), една од најцелосните и најреномираните енциклопедии во германското културно подрачје, пишува во своето најново издание под поимот „вегетаријанство":
„Против вегетаријанството како начин ла живот многу често се забележува дека води кон нецелосна исхрана и дури кон неисхранетост. Преку осмислена вегетаријанска исхрана - која се состои од млеко и млечни производи, компири, жито и различни видови овошје и зеленчук - хранителната вредност на најдобро изолираната белковина (јајцето) не само што се достигнува, туку и се надминува. Дури и мали количества вегетаријанска исхрана можат да ослободат големи количества енергија и хранителна вредност, на пример житото, орашестите овошја, растителните масти, мешункастите растенија.
„Од здравствена гледна точка, богатството на вегетаријанската исхрана со баласт се оценува како многу позитиво. При вегетаријанската исхрана треба да се внимава на конзумирање доволно количество витамин В2 и железо, a кај строгата вегетаријанска исхрана (без млеко и млечни производи) и на доволното внесување на B12 и калциум. Од медицинска гледна точка, вегетаријанската исхрана има еднаква хранителна вредност како и „нормалната" исхрана, a од здравствена гледна точка е и многу поздрава." (Брокхаус - Brockhaus - енциклопедија во 24 тома, 19 издание од 1994 година.)
Од ова јасно произлегува дека луѓето од нашето културно подрачје можат без никакви проблеми да живеат без месо, риба и јајца; не постои никаква медицинска или нутриционистичка причина (нутриционизам = наука за исхраната) зошто луѓето би морале да ги јадат овие работи, но од друга страна, постојат голем број здравствени причини зошто тие треба да се изостават од исхраната.

Жалната судбина на животните

Дека човекот од здравствени причини не треба да јаде месо станува многу појасно кога ќе разгледаме под какви услови месото денес се „произведува"; ќе видиме низ што се мора да минат животните пред да се најдат во убаво пакување во торбата на несвесните потрошувачи.

 

Бизнис со животните

Списанието Природа (Natur) во своето издание 2/87, во написот под наслов „Бизнис со животните", на мошне храбар начин ги разоткрива заемните односи меѓу фармацевтски куќи гладни за профит, безскурпулозните одгледувачи на животни и кланиците. Toj напис ја резимира проблематиката на модерното одгледување на животни на следниов начин:
„Трговската војна се води преку војна со цените. На прв поглед се чини дека таа војна им користи на потрошувачите. Но, опстанокот во оваа војна со цените е можен само со масовно сериско производство. Ниеден синџир на супермаркети не купува 50 пилиња кај некој земјоделец од соседството - ним им се потребни по 50.000 пилиња во една испорака. Производството на „животински белковини", со масовно гоење и одгледување, се има прилагодено на овие надворешни фактори. A тоа што конзументот денес го добива помеѓу своите заби се хемикалии за стимулирање на растот, хормони, антибиотици и седативи за смирување на животните. Во најдобар случај доаѓа до евтино, сиромашно со хранливи материи, надуено месо - во нај лошиот случај месото е затруено ... A она што се случува во шталите за масовно одгледување на животните и во кланиците се прикрива без никаква грижа на совеста."
A од тоа што се прикрива на секој човек може да му се накостреши косата. Кога некој скандал случајно ќе допре до медиумите, јавноста е длабоко шокирана. Така, на пример, списанието Шпигел (Der Spiegel) во своето издание 33/88, во насловната тема „Свињарии со месото" пишува: „Земјоделието ширум CP Германија го доживува најголемиот хормонски скандал од своето постоење. Илегални трговски организации и несовесни ветеринари заработуваат при одгледувањето на животните како „мафијаво бизнисотсомесо".... Под крзнотосевшприцуваивохранатасе додава скоро се што произведува фармацевтската индустрија, само со една цел - говедата, кокошките или свињиите да се одржат на нозе се до пристигнувањето во кланица. ... A за да биде бизнисот исплатлив, свињите за 180 дена се товат до тежина од окулу 100 килограми; нивниот скелет не е во состојба доволно брзо да расте, па така животните се смачкуваат под сопствената тежина."
Исто така, во најново време се објавуваат се повеќе и повеќе информации што покажуваат како месото на разни начини хемиски и генетски се манипулира. По колењето, месото мора најпрвин хемиски да се конзервира, за да не се случи некои непријатни мириси да му го расипат апетитот на потрошувачот со денови или дури пак со недели. Потоа сиво-зеленото месо мора вештачки да се бојадиса црвено, инаку не би било возможно да се продаде. Сето ова го прави месото непредвидлив куп од закани за човековото здравје.
Тука не сакаме детално да пишуваме за постојаното појавување на нови вируси и убиствени паразити што се во директна зависност со манипулираното месо, како и за болеста на „лудите крави" (BSE=bovine spongioforme enzephalopathie) која се стекна со популарност последниве години, или со најновиот „диоксински скандал" во Белгија од летото 1999. Благодарение на дневниот печат, овие аспекти се веќе во доволна мера познати на широката јавност и треба да се доволен повод потполно да се воздржиме од јадењето месо, кое носи непредвидливи ризици.

 

Смртоносна бруталност

 

Само во САД за потребите на месната и месопреработувачката индустрија секоја година се колат повеќе животни одошто има вкупно луѓе на целата земја. Во Германија секојдневно се колат скоро no 100.000 свињи и говеда (што годишно изнесува околу 36 милиони грла!); згора на тоа се неброенџ пилиња и кокошки, риби и разни други животни. Вкупно сметано, за потребите на месојадните луѓе секоја година на најбрутален начин се колат над 2 милијарди животни и околу 20 милијарди живина. И бројот на убиените риби се изразува со милијарди. (Овие бројки не ги опфаќаат и околу 300-те милиони животни што секоја година се жртви на грозоморните експерименти што се вршат врз нив, како и на жртвите на кожната и крзнарската индустрија.)
Животните денес веќе не се третираат како живи суштества, туку како машини за производство на месо. Животот на едно животно хрането за колење од самото раѓање до моментот на колење сосема е во спротивност со сите принципи на почит кон животот како таков - затворено во услови идентични на оние во концентрационите логори, кастрирано, изложено на хормонски третмани и принудувано на неприродна исхрана за што побрзо гоење и раст, се до долгиот и болен транспорт во услови на паничен страв и на неговиот конечен и брутален крај во кланицата или касапницата.
Денешното „теле за гоење" веќе осмиот ден по своето раѓање - при тежина од само 40 килограми - го одвојуваат од мајката и го водат во агроиндустрискиот комплекс за гоење, каде што го напумпуваат профилактички со најразновидни медикаменти и му се приредуваат еден ужасен, недостоен живот, во најтесен можен кафез. Веќе во 1986 година во Германија околу 36% од сите крави и телиња се чувани во масовни штали со по над 100 грла; над 66% од сите свињи и 83% од сите кокошки носилки се одгледувани во масовни „постројки" со по над 1.000 грла

. Овој процент кај кокошките и пилињата
одгледувани за колење достигнува дури 99%.
Транспортот на животните од местото на нивното одгледување до кланиците е проследен со нечуена бруталност, која се повеќе и повеќе продира до јавноста. Животните масовно се транспортираат

со камиони, неретко со скршени нозе или карлици, со откинати и крвави рогови, наполу луди од жед, глад и страв. Многу од нив дури и не го преживуваат маченичкиот транспорт.

Само во германските кланици ваквиот транспорт секоја година не ги преживуваат 400.000 свињи, пристигнувајќи мртви во кланиците. Овие мртви свињи се преработуваат во „животинско брашно", што потоа им се сервира како храна на нивните истородници.
Дури и самиот чин на колењето е далеку од „хуман".

Во реалноста, кланиците се вистинска конкуренција на пеколот. Телиња, говеда и свињи што пиштат се тераат внатре и се онесвестуваат со електрошокови или удари со чекани и слични „студени орудија". Co помош на куки се закачуваат за задните нозе и така висат во воздухот, каде со помош на потполно автоматизирани подвижни ленти се пренесуваат низ фабриките на смртта. Гркланите им се отсекуваат „на живо", a нивното месо се преработува додека животните искрваруваат до смрт. Оваа ужасна постапка штеди време и ја зголемува заработувачката.
Кокошките и останатата живина исто така не можат да сметаат на повеќе милост. По 15 месеци во најмачни услови како производители на јајца во масовните живинарници, го одслужуваат своето и доаѓаат во кланиците. Само во Германија годишно се колат околу 300 милиони грла живина; тоа е над 500 секоја минута - и тоа деноноќно! Како и крупната живина, и пилињата не можат да сметаат на некој поблаг третман во кланиците; и тие се убиваат со постојано темпо. Оние пилиња што го преживуваат транспортот се обесуваат живи на подвижната лента и се убиваат со помош на електрошок, или пак при потполна свест им се сече вратот. На овој начин, еден просечен работник на овие подвижни ленти е во состојба да пресече околу 1.000 пилешки вратови на час; во една кланица со просечна големина дневно може да се убијат до 50.000 пилиња.
Како и за луѓето, и за животните убивањето е искуство исполнето со ужас и паника, што во телото за миг предизвикува драстични биохемиски промени кои го трујат целиот леш со хормони на стравот. Меѓународно активниот швајцарски активист за заштита на животните и човековата средина Франц Вебер (Franz We­ber) во една радио емисија изјавува: „Да го земеме примерот на Хамбург, каде што луѓето беа затруени од конзервирана туна. Зошто? Туната била сеуште жива (!) кога ја раситнувале, па заробените риби добиле таков страв, по што излачиле отров што се абсорбирал во телото. Ова им било познато и на старите римјани. Co цел да добијат соодветен отров, римјаните ги мачеле робовите до смрт, a потоа нивната плунка ја користеле како отров со кој можеле да се отрујат други луѓе. Значи, смртниот страв се прелива во ткивата на животните, a потоа луѓето преку месото го внесуваат во своето тело."
Токму од оваа причина ниту „природното ливадско месо" од „среќните" животни, на кои воопшто им било дозволено да излезат на сончева светлост, не е вистинска алтернатива. Тоа е само нова комерцијална тактика на производителите на месо, смислена со цел да ги смири потрошувачите и да отвори нови пазари за пласман на месото. Тоа е така бидејќи во моментот кога едно „среќно" животно разбира дека ќе биде заклано, и него го опфаќа страв. Co тоа и неговото месо се труе и го оптоварува оној што потоа го јаде!
Општо земено, целото производство на т.н. „био-месо" е апсурдно: од една страна луѓето чувствуваат потреба да ги почитуваат животните како живи суштества и затоа им обезбедуваат пристојни услови за живот, но од друга страна сепак ги колат и ги јадат. Единственото „природно" месо би било месото на животното умрено од природна смрт.

Недомаќинско стопанисување и уништување на природата

Во четвртото столетие пред Христа, старогрчкиот филозоф Платон го напишал своето дело „Држава", во кое се содржани повеќе говори од неговиот учител Сократ. Покрај другото, Сократ зборувал и за тоа како една држава може да ја одржи здрава својата стопанска основа. Во овој контекст тој укажува на неопходноста од општа и потполна вегетаријанска исхрана. Во ова дело тој предупредува дека кога луѓето почнуваат да го зголемуваат бројот на домашните животни со цел да го зголемат производството на месо, станува неопходна поголема обработлива површина: „И тогаш земјата, која до тогаш била доволно голема за да ги исхрани луѓето, одеднаш станува премала, a како последица на тоа војната станува неопходност."
Вчудоневидувачки е тоа што старогрчкиот филозоф Сократ не бил свесен само за етичките и здравствените аспекти на месната исхрана, односно на нејзините негативните последици, гуку и за економските. Сократ со право укажува на фактот дека земјата е во состојба да произведе доволно храна за сите нејзини жители, но од друга страна, погрешно однесување само на една мала група луѓе може да има далекусежни последици.
Каква димензија имаат достигнато овие последици денеска веројатно не можел да си претстави ни самиот Сократ. Гаволскиот круг што започнува со јадењето месо е веројатно најтипичниот пример за меѓузависноста меѓу човечката неразбраност и слепото уништување.

 

Расфрлање со прехрамбените производи

Месото исхранува еден мал број луѓе, на сметка на голем број други луѓе, бидејќи за производството на месо се употребува вредно жито кое би можело да се употреби во исхраната на луѓето a не на животните за колење. Според службените податоци на министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави, повеќе од 90% од произведеното жито во Америка се употребува како сточна храна (говеда, свињи, јагниња, пилиња и сл.). Или пак, изразено со други зборови, за сточна храна само во производството на месо (без храната за млечните крави) во Америка годишно се користи повеќе жито отколку што би било доволно за исхрана на Индија и Кина заедно! (Извор: Хелер (Heller): Лебот на победникот, страна 27.)
На глобално ниво, најмалку една третина од житната жетва се употребува за сточна храна во производството на месо, другата третина во производството на млеко, a останатото жито се употребува директно во исхраната. Ова претворање на високо вредни растителни производи во месо е расфрлање над секоја мерка, бидејќи од енергетска гледна точка производството на месо е најлошата форма на употреба на обработливата површина. За одгледување на едно говедо 12 месеци потребен е 1/2 хектар земја. По една година, говедото достигува околу 300 килограми употребливо месо. Од друга страна, кога на истата површина би се одгледувале компири и жито, би се добило најмалку 3.000 кг. жито односно 20.000 кг. компири! Изразено со други зборови: еден единствен бифтек од 225 грама содржи во себе толку енергија со која би можела да се добие еднодневна исхрана за околу 40 луѓе!
Тука би сакале уште еднаш да се послужиме со Брокхаусовата енциклопедија: „Од социо-економска гледна точка, за обезбедување на постојано растечките светски потреби од калории и белковини (настанати поради постојаниот пораст на светското население), според мислењето на експертите, единствен ефикасен начин би било обновувањето на вегетаријанската исхрана. По заобиколниот пат на животинска исхрана премногу се троши: за производство на 1 килограм животински белковини се употребуваат 10 килограми растителни белковини. Во земјите што уживаат благосостојба, околу половината од произведеното жито се употребува за одгледување животни или пак за производство на алкохол. Значи, со комбинирана вегетријанска исхрана можат значително повеќе луѓе да се исхранат отколку со денес вообичаената исхрана." (Брокхаус (Brockhaus) енциклопедија во 24 тома, 19 издание од 1994 година, наведено под поимот вегетаријанство.)
Ова расипништо се случува намерно и со студена сметка. Во последните 50 години, значи по завршувањето на Втората светска војна, посилните финансиски концерни започнуваат со откуп на малите земјоделски фарми и со нивна концентрација во огромни комерцијални стопанства, за на тој начин монокултурно даја искористуваат земјата. По концентрацијата, големите плантажи (претежно во сопственост на европски, американски или јапонски хемиски концерни, осигурителни компании или банковни гитанти) почнаа да добиваат тројни или пак уште повисоки приходи, што е возможно само со употреба на високотехнолошки машини, вештачки ѓубрива, земјоделски отрови, a во последно време и со помош на генетски манипулирани семиња. Co цел да се спречи падот на цените, што би била логична последица на прекумерното производство жито, жетвата мораше да се држи „понастрана од пазарот". Тоа со други зборови значи: или целосно уништување, или пак расфрлање.
Се поставуваше прашањето: како големите концерни да се ослободат од вишокот на производството без да си ја загрозат печалбата! Нивната сметка беше едноставна: вештачки зачнатите животни ќе се одгледуваат и гојат со вишокот од житото, што само по себе би било мртов капитал, a потоа месото ќе се продава со голема заработувачка.
Животните конзумираат многу повеќе храна отколку што се добива месо со нивното колење, a од сите животни говедата се најмалку приспособени за претворање на растителните белковини во животински. Значи, говедското месо е „идеалното" расипништво: еден килограм говедско одговара на 16 килограми жито или соја. Останатите 15 килограми - или пак 94% - се изгубени за човекот! (Овие вредности се 1:6 за свинското месо и 1:4 за живината.)
Според тоа, месното стопанство во значителна мерка е одговорно за уништувањето на хранливите продукти во огромни размери. И покрај тоа (или пак можеби токму поради тоа?) производството на месо постојано се помага со нови закони и со огромни субвенции, и тоа оди двојно на сметка на потрошувачите. Од една страна, со помош на парите од нивните давачки и даноци се субвенционираат фармите и касапниците. (Само во 1986 во земјите на Европската Унија беа произведени 650.000 тони говедско месо како пазарен вишок, што во тоа време ги чинеше европските граѓани 5,1 милијарди германски марки даночни пари!) Од друга страна, со тоа е неминовно и зголемувањето на цените на здравите, природни прхрамбени производи, како што се лебот, млекото, зеленчукот и овошјето. Значи, додека месото вештачки поевтинува, цените на лебот и на млекото се зголемуваат!
Погоре опишаната тактика на големите меѓународни концерни доведе до експлозивен пораст на понудата на месо, a со тоа и до потреба постојано растечкиот „месен брег" да им се направи попривлечен на луѓето. Преку големи рекламни акции и „научна" пропаганда беше проповедано дека месото е здраво и важно за исхраната, дека на луѓето им се неопходни големи количества белковини, дека растителните белковини се со мала хранлива вредност, дека вегетаријанците страдаат од неисхранетост итн. За жал, на овие рекламни бесмислици сеуште им веруваат и многу лекари, професори и студенти по медицина и зборуваат во нивна полза.

Гладта во третиот свет

 

Земјите што живеат во вакво изобилие не само што се расфрлаат со сопственото жито со одгледување на животни за клање, туку користат за тоа и храна што се произведува во третиот свет. Како последица на тоа им се одзема драгоцената и неопходна земја на тамошните селани, со што се нарушува економската рамнотежа на овие земји, доаѓа до изумирање на сточниот фонд, до зависност од увозна храна и презадолженост.
Како што веќе беше спомнато, околу 35% до 40% од светското производство на жито се користи за храна на животните за колење. Наспроти тоа, според статистиката на Обединетите Нации, секој ден умираат околу 38.000 деца пореди недостиг на храна. Низ целиот свет умираат од глад околу 20 милиони луѓе. Застанувајќи во име на сите оние што ги имаат осознаено овие скандалозни заемни односи, швајцарскиот народен пратеник и специјалист за земјите од третиот свет, проф. Жан Циглер (Jean Ziegler) вели: „Не сакам повеќе да земам учество во ова страшно масовно убивање. Тоа што јас ќе се откажам од јадењето месо нека биде ситен чекор во тој правец."
Овие факти ги имаат натерано економските експерти да посочат на тоа што светскиот проблем со гладта и неисхранетоста во својата основа е проблем предизвикан од мал број луѓе што живеат во индустријализираните земји, од месојадците. Наводната пренаселеност на земјата во никој случај не е причина за недостатокот од храна, што денес повеќе или помалку претставува проблем за две третини од светското население. Вистинската причина е злоупотребата на храната. Луѓето начелно произведуваат повеќе од доволно храна за сите луѓе на планетата, но таа храна неправилно се расподелува; ние со неа се расфрламе со нејзе, што пред се значи дека ја употребуваме како храна за одгледување животни што потоа се колат. (Или пак се фрлаат тони храна во морето, само за да се одржи нејзината цена.)
Како пример можеме да го земеме Тајланд, каде претежно за потребите на гоење свињи за Европа се одгледува растението наречено маниока - едно хибридно растение од чии подземни главички се добива брашното тапиока. Од 1979-та година производството на маниока во Тајланд е зголемено за 300%, додека пошумените површини се намалени од 72% на 17% од вкупната површина на Тајланд! Скоро една половина од децата што живеат во подрачјата каде што се произведува маниока се неисхранети, над 10% страдаат од различни недостатоци, a годишно од глад умираат над 60.000 деца.

 

Уништување на основите на животот

Производството на месо не предизвикува само глад во земјите на третиот свет, туку придонесува и за уништување на глобалните основи за животот. Тропските прашуми, главните бели дробови на нашава планета, покриваа уште во 1945-та година околу 16 милиони квадратни километри површина. Во последниве десетилетија овие „зелени бели дробови " се намалени на околу 50% од некогашната површина! На местата каде порано питомата тропска вегетација им го обезбедувала природниот простор на многу разни видови животни и растенија, по искорнувањето на шумата доаѓа до ерозија на почвата, a no неколку години лакомо искористување на почвата таа се претвора во сув и суров пустински пејзаж.
И кој е одговорен за тоа? Претежно се одговорни меѓународните концерни за производство на месо, кои соголената земја ја користат како пасиште за своите стада или како огромни плантажи за сточна храна (како, на пример, за соја или пак маниока), a во помала мера и меѓународните концерни за производство на хартија и трговија со дрво. За една единствена плескавица мора да се искорнат и претворат во обработлива површина 4 до 5 квадратни метри тропска шума, кои по две до три години стануваат пустина! „Најбогатиот еколошки систем на земјата се преработува во плескавици, дрвена граѓа и хартија за пакување - за европјани, американци и јапонци." (Neue Ziircher Zeitung, 30.3.1983; Ноје Цирхер Цајтунг е најреномираниот дневен весник во Швајцарија и најверојатно еден од најреномираните дневни весници во Европа воопшто. заб. прев.)
Основниот поим значи е „увоз на сточна храна". Земјоделците во третиот свет бескрупулозно се пљачкаат, земја им се одзема, a тие се протеруваат во градовите. Одземената земја се изјаловува со монкултурна и хемиска обработка, се преорува со тешки земјоделски машини, a животниот круг на природата и обезбедувањето храна се прекинува во самиот корен.
Еве и за ова еден пример: една третина од увозот на соја во земјите на ЕУ потекнува од Бразил. Само Германија во 1991 година има увезено околу 213.000 тони сојин баласт од Бразил, претежно за исхрана на свињите, говедата и живината. Огромната побарувачка на оваа вредна белковина го има направено Бразил најголем извозник на соја во светот - по цена што натера цели Бразилски сојузни држави да го променат својот изглед. Државата Рио Гранде До Сул беше до неодамна пошумена на една третина од својата територија; денес само 1,8% од земјиштето се пошумени и се промешани со непрегледните монокултурни соини плантажи.
Околу 4 милиони ситни бразилски земјоделци кои порано беа во состојба пристојно да живеат од својот труд, се протерани од агресивните приватни војски на мултинационалните концерни во бедните предградија на бразилските градови. Одгледувањето на оваа соја, пак, не ја задоволува гладта на околу 30 милиони изгладнети Бразилци - не, таа се расфрла како сточна храна во земјите каде што се извезува. На крајот од краиштата, големиот бизнис не го прават домашните бразилски фирми, туку грст западни концерни.
На ова се надоврзува фактот што земјата и нејзиното население со одгледувањето сточна храна се трујат со огромни количества хемиски штетни материи. Бразил денес е третиот по големина потрошувач на пестициди. Во 1985 година во Германија се произведени 191.000 тони пестициди, од кои за една половина веќе е утврдено дека се предизвикувачи на рак и кои во меѓувреме се забранети. Така, хемиската индустрија се префрли на земји како Бразил, па така завршија линданот или ендринот во сојата. Но кругот многу брзо се затвора кога затруената соја преку европските говеда, легално и законски, стигнува на трпезата на европските месојадци. Сепак, тоа уште пожестоко ги погаѓа Бразилците: во подрачјата каде се одгледува сојата годишно има 50 до 100 смртни случаи предизвикани од пестициди, a згора на тоа и над 2.000 болнички лекувања како последице на труење со пестициди.
Во врска со овие аномалии бразилскиот надбискуп Хелдер Камара го има речено следново: „Насекаде во третиот свет се модернизира земјоделството врз сметка на населението. Co цел да се задоволат потрошувачките навики на богатиот свет, кој се повеќе и повеќе сака да јаде месо, ситните земјоделци, поради туѓиот сточен фонд, безмилосно се препуштаат на опустувачкото монокултурно земјоделие." (Цитирано во: „Одговорноста на месојадците", Тагес Анцајгер (Tages-Anzeiger), Цирих, 23.9.1978.)
Сепак, ѓаволскиот круг не завршува со тоа. Списокот на негативни последици од стопанството што се стреми исклучиво кон заработувачка и конзумирање месо го опфаќа и следново: ерозија и неплодност на земјиштето, одрони и поплави, претворања на обработливите површини во степи, како и изумирање на најразлични животински видови - што во меѓувреме има достигнато драматични размери: секојдневното изумира барем еден животински вид!
Но сепак, како и се останато и ова им се враќа на луѓето како бумеранг, па така населението на богатите индустријализирани земји станува жртва на сопствените навики и однесување во исхраната. Co огромните монокултурни поседи, преку искоренувањето на тропските прашуми и преку метанските гасови што се користат при одгледувањето на животните се предизвикува промена на климата на целата земјина топка, чии катастрофални последици (ефектот на стаклена бавча, распростанувањето на пустините, поплави, топење на вечниот мраз на половите итд.) во меѓувреме секојдневно ги чувствуваат сите луѓе во сиот свет.
Понатамошен проблем е големото загадување на отпадните води од сточ ните и живинарските фарми и од кланиците, што придонесува за загадувањето и уништувањето на езерата, реките и морињата. Само во една просечна сточна фарм;* со 5.000 телиња, годишно настануваат десет милиони литри животински измет! Од друга страна, како последица на одгледувањето животни за колење, во Германијп годишно настануваат повеќе од 3 тони животински измет по жител! (извор: Месото јаде луѓе, прва програма на Германската телевизија, 18.10.1987.)
Според една калифорниска студија, неопходни се 106 литри вода за да се произведе еден килограм пченица, 150 литри за еден килограм компири, 40 до 60 литри за еден килограм јаболка, но 9.700 литри вода за 1 килограм свинско месо и 32.000 литри за еден килограм говедско месо! Водата што се расфрла и загадува во процесот на производство на месо, завршува на крајот на процесот во септичките јами. Но, што да се прави со ова море измет и отпадна вода? Одговорот е многу прост, тие се изливаат по полињата. Од друга страна, бидејќи се присутни огромни количества измет, полињата се без мерка „пренаѓубрени" и голем дел од течностите полни со штетни хемиски отпадоци доаѓа преку потоците, реките и езерата во подземните води, a со тоа конечно и до водата за пиење.
Една од највидливите последици на овие „зафати" во природниот тек се морињата што изумираат, како на пример Северното и Средоземното море. Рибите умираат, огромни колонии алги се формираат и слично. Причинители на овие природни катастрофи се во прва линија фосфатите и нитратите. Само во Северното море секоја година се преливаат околу 100.000 тони фосфати и 1.000.000 тони нитрати. Овие соли потекнуваат од индустријата и канализационите системи и - како што пред малку беше покажано и докажано - во една голема мерка од комерцијалното земјоделие и одгледувањето животни.
Масовното призводство на животински отпад има уште една фатална последица: киселите дождови и умирањето на шумите. Холандската влада, по чиј налог овие заемни односи беа научно истражени, дојде до заклучокот дека емисиите на амонијак и метан од септичките јами на сточните фарми водат до кисели дождови и придонесуваат за една третина од изумрените шуми. Дека во овој случај никако не се работи за некој локален проблем докажааа и научниците: облаците амонијак од Холандија можат да дојдат дури и до Лапонија (област во северна Финска.)!
Екологот д-р Георг Боргстром (Georg Borgstriim) има пресметано дека со производството и преработката на месото настануваат десет пати поголеми загадувања отколку што настануваат од приватните семејства и три пати повеќе отколку од индустријата. (Цитирано во Лапе - Lappe - Еколошка диета.)
Краток заклучок: Преку вегетаријанска исхрана можат со еден замав да се решат многу од економските и еколошките проблеми што го оптоваруваат денешниот свет. Погледнато во ова светло, тешко е да се разбере како некој може сеуште да си дозволи да не биде вегетаријанец?

Етички аспекти

 

"Дури u кога не би имале ниту најмала надеж дека некогаш сите луѓе ќе минат на вегетаријански начин на исхрана, тоа никому не му дава право да јаде месо. Неправдата останува неправда дури u кога сите ја чинат ...Co ова не сакам да кажам дека секој човек што води вегетаријански начин на живот е исправен, туку дека секој што HE живее со вегетаријански начин на живот чини неправда. "
Магнус Свантие (Magnus Schwantje, 1877 - 1959), еден од првите големи борци за вегетаријанството и заштита на животните; творец на кованицата „Почит кон животот", во 1902 година.

 

Досега ја обработувавме здравствената, стопанската и еколошката проблематика на јадењето месо. Co следното прашање имаме намера да навлеземе уште подлабоко: Имаме ли ние воопшто - без да ги земеме предвид штетните последици од јадењето месо - право да ги убиваме животните?
Ова прашање не доведува до полето на етиката, до полето на една духовна наука, која за разлика од природните науки што денес доминираат не ја изучува само безживотната материја, туку и повисоките закони на животот. Во времево во кое денес живееме, време на материјален и технички напредок, етиката многу често се третира како сираче, a во многу училишта и универзитети веќе и воопшто не се изучува. Без етика, без човек да се запраша себеси за смислата и целта на едно дело, сета наука е безвредна и бесцелна. Следствено на тоа, етиката мора да биде база на секој научен стремеж.

 

Почит кон животот

 

Грчкиот збор етос, од кој потекнува зборот етика, значи „внатрешен став, почитување на моралот и морално однесување и водење на животот", a од почит кон Створителот. Затоа и не треба да ни чуди што застапниците за една доследна етика отсекогаш се бавеле со прашањето за вегетаријанскиот начин на живот.
Зборот „вегетаријанец", што во 1847-та беше скован од основачите на британското вегетаријанско здружение, ги има своите корени во латинскиот збор vegetus, што значи „изворен, силен, свеж и здрав". (Старите Римјани го употребувале изразот хомо вегетус homo vegetus - за духовно и телесно силни и витални луѓе.) Изворното значење на зборот укажува на еден целосен, филозофски и морално врамнотежен, хармоничен однос кон животот, однос што содржи во себе многу повеќе вредности отколку само исхрана со жито, зеленчук и овошје.
Најголемиот број од вегетаријанците се луѓе што имаат сфатено дека ние самите пред се треба да го разрешиме прашањето на насилството во сопствените постапки, како наш прилог за едно поправедно и пријателско општество. Тие станале свесни дека јадењето месо има нераскинлива врска со едно невидено насилие кон останатите форми на животот, насилие кое не е само непотребно, туку и етички неодговорно.
Сложеноста на ова несомнено лежи во тоа што многу месојадци ги немаат, или пак не сакаат да ги осознаат етичките аспекти на сопствените навики во исхраната. Згора на тоа, со етичките аспекти и практично се манипулира преку пропагандата на месната и месопреработувачката индустрија и на фармацевтските концерни. Еден голем дел од месојадците несомнено веднаш би станале вегетаријанци кога при купувањето, готвењето и јадењето би биле навистина свесни за страдањата и стравот на животните во кланиците, или пак кога би морале сами да ги убиваат животните што ги јадат. Ова несомнено би им ги отворило очите и срцето на многу месојадци.
Општо земено, многу луѓе во нашата култура изгледа имаат „селективна љубов" кон животните: Од една страна се грижат за своите куќни галеничиња -кучињата или мачките - како да им се сопствени деца, a од друга страна без никаво воздржување јадат месо од телиња, прасиња, јагниња и пилиња. Овој егоистичен однос кон животните е недоследен и од етичка гледна точка неоправдан.

 

„И покрај се, мене ми е вкусно"

Од досега разгледаното произлегува дека јадењето месо за луѓето не е ниту неопходно, ниту здраво, ниту пак може економски и морално да се оправда. Сепак, често го слушаме следниот аргумент: „Море, како и да е, мене месото ми е и покрај се вкусно". Но, од каде ние си го присвојуваме правото да ги искористуваме и убиваме послабите животни форми само со цел да јадеме месо - со објаснувањето дека месото ни е „вкусно" и дека јадењето месо ни причинува задоволство?
Затоа ние бараме од секој месојадец што размислува да си го постави следново прашање: дали „страдањето" што јас себе би си го наметнал со воздржувањето од јадење месо е поголемо од страдањето што им се наметнува на животните што ги јадам? Ова етичко прашање го обработува весникот Швајцер Илустриерте (Schweizer Illustrierte) во своето издание од 8-ми јуни 1987-ма; тој го цитира познатиот германскиот автор Фолкер Елис Пилгрим (Volker Elis Pilgrim): „Приготвената кременадла стои во фрижидерот како некоја кутија, чинија или копче од кошула. Но таа не е ништо од сето тоа. До вчера таа кременадла припаѓала на една целина што дишела, чувствувала, пулсирала, се движела. Сакам ли да го убијам тоа суштество за да дојдам до мојата кременадла? He, не сакам да го сторам тоа. Гледано од овој аспект, кога сите ние сериозно би си го поставиле ова прашање, најверојатно на светот би имало многу повеќе вегетаријанци отколку сега. И тие би биле во добро друштво со многу познати поети и мислители од сите епохи, кои отсекогаш го сметале убивањето животни недостојно на човечкиот дух."
A такви познати личности има многу. Меѓу најпознатите вегетаријанци спаѓаат: Буда, Заратустра, Питагора, Емпедокле, Сократ, Платон, Аристотел, Хорацие, Овидие, Сенека, Епикур, Платон, Свети Фрањо Асишки, Леонардо Да Винчи, Исак Њутн, Волтер, Жан-Жак Русо, Александар фон Хумболт, Ралф Валдо Емерсон, Жорж Санд, Рихард Вагнер, Хенри Дејвид Торо, Лав Толстој, Вилхелм Буш, Берта Фрајфрау фон Шутнер, Томас Алва Едисон, Никола Тесла, Џорџ Бернард Шо, Рудолф Штајнер, Роман Ролан, Махатма Ганди, Рајнер Мариа Рилке, Алберт Швајцер, Алберт Ајнштајн, Франц Кафка и Исак Бешвиш Сингер. Ова е само мал дел од нашироко познатите личности што биле вегетаријанци; познатите вегетаријанци на денешнинава нема ни да ги спомнеме.

 

Цитати од познати вегетаријанци

 

Отсекогаш постоеле големи култури и личности, кои на животните им ја укажувале неопходната почит која им припаѓа како на наши најблиски сродници од живиот свет. Додека на нашите географски простори сеуште владееле едноставни и примитивни услови за живот, во Индија веќе имало повеќе култури во процут. За процутот и развиеноста на староиндиските култури ни сведочат најстарите пишани списи на човештвото - Ведите. Пред се Бхагавад-Гита, најважниот дел од Ведите, подвлекува дека полјоделството, трговијата со природни добра и заштитата на кравите се економските столбови на едно општество што се стреми кон долгорочна виталност. Освен тоа, Бхагавад-Гита ни вели и дека вегетаријанската исхрана за луѓето е Божја волја. (Понатамошни детали за учењата на Бхагавад-Гита во шестото и седмото поглавје од книгава.)
И во старата Грција, најстарата развиена европска култура, вегетаријанството било високо почитуван идеал. Цитатите од Платоновото дело „Држава" и веќе наведените имиња на старогрчките мислители кои воедно биле и вегетаријанци сосема јасно го илустрираат ставот на старогрчката култура кон јадењето месо.
Од големиот филозоф Питагора (околу 582 - 496 година пред н.е.) останато ни е во наследство следново: „Оној што со нож го распорува вратот и го сече гркланот на теле, глув при неговото цивкање од страв, оној што ладнокрвно го коле јарето што пишти и што јаде птици, суштества кои тој самиот дотогаш ги хранел и одгледувал, по што се разликува тој човек од другите злосторници?"
Оваа мисла ја продолжува Аристотел: „Како што човекот е најцелосното и највредното суштество од сите живи суштества, така тој, оттргнат од законите и правото, истовремено е и најлошиот од сите нив."

Како кај старите Грци, и кај старите Римјани еден голем дел од филозофите биле вегетаријанци, на пример Хорацие, Овидие и Плутарх. Плутарх (45 - 120 н.е.) забележува во својот вреден труд „За јадењето месо": „Би сакале ли вие навистина да си го поставите прашањето зошто Питагора се воздржувал од јадење месо? Јас лично се прашувам под какви услови и во каква психичка состојба бил човекот што по првпат собрал сила со својата уста да допре крв, кон својата усна да принесе месо од еден леш и својата маса да ја прекрие со мртви, расчеречени тела, a потоа си дозволил деловите што доскоро пиштеле и плачеле, се движеле и просто живееле, да ги нарекува храна... Заради месото им го одземаме ние сонцето, светлото и животниот век, што со нивно раѓање неспорно им припаѓаат."
Потоа Плутах отворено ги предизвикува месојадците: „Ако и после си тврдите дека природата за вас има предвидено таква исхрана, тогаш убивајте го самите она што мислите дека ви е предодредено за исхрана - но со своите природни средства, a не со помош на касапски нож, толјага или секира."
Значи, отсекогаш имало многубројни личности што најжестоко укажувале на неопходноста од исхрана без месо. Следниве цитати зборуваат сами за себе:

Хорацие (65 - 8 година п.н.е., класичен римски поет): „Осмели се да бидеш мудар! Престани да убиваш животни! Оној што го одложува часот на исправниот живот наликува на селанецот што чека да пресуши реката, за да може да премине на другиот брег."

Овидие (43годинап.н.е.- 17година н.е.,класичен римски поет): „Времето што ние го нарекуваме златно, беше благословено со плодови од дрвјата и со зеленчуци што ни ги подарува земјата, a устата на човекот не беше извалкана со крв. Во тоа време птиците безбедно ги движеа крилјата низ воздухот, a зајачињата без страв ги минуваа полињата; тогаш рибите не беа најневините жртви на човекот. Населбите беа без предавници и предавништва, не владееше неправда и светот беше исполнет со мир. Но, во подоцнежните времиња, нечесниот поттикнувач ја презре и понижи оваа чиста и едноставна храна и втурна во својот лаком и ненаситен мев јадења чиишто имиња потекнуваа од имињата на мртви трупови. Co тоа воедно го отвори широко патот на неправдата."

Свети Фрањо Асишки (1182 - 1226, италијански свстсц; еден од основачите на фрањевскиот ред): „Господ Бог сака ла им се најлеме и да им помогнеме на животните, кога помошта им е потребна. Секое суштество во опасност и нужда има исто право на заштита." „Сите суштества на земјата се чувствуваат како и ние самите, сите сушстества се стремат кон среќа, како и ние самите. Сите суштества на земјата љубат, страдаат и умираат како и ние самите, значи сите суштества се творби на семоќниот Створител рамноправни со нас: наши браќа."

Леонардо Да Винчи (1452 - 1519, италијански универзален гениј): „Всушност, човекот е крал на сите животни, бидејќи неговите ѕверства v ги надминуваат сите ѕверства на останатите животни. Ние живееме од смртта на другите. Ние сме подвижни гробишта!" „Јас се откажав од јадење месо уште во моите најрани години. Ке дојде времето кога сите луѓе, како што чинам јас сега, убијците на животните ќе ги гледаат со исти очи како што сега ги гледаат убијците на луѓето."

Волтер (1694 - 1778, француски филозоф и писател): „Сигурно е дека нам ова бесрамно крвопролевање, што непрекинато се одвива во нашите кланици и домови не ни изгледа како непријатност; напротив, ние ги набљудуваме овие одвратности.... како Божја милост и му се заблагодарувааме во молитвите на Бога за нашите убивања. Но може ли притоа да има нешто поодбивно и понепријатно од човек кој постојано се храни со трупови од убиени животни?"

Жан-Жак Русо (1712 - 1778, француско-швајцарски филозоф, педагог и писател; творец на движењето „Назад кон природата!"): „ Еден доказ дека вкусот на месото е неприроден за луѓето лежи и во фактот што малите деца имаат одбивност кон оваа храна и ги претпочитаат вегетаријански приготвените јадења, како на пример млекото и млечните призводи, лебот, овошјето и слично. Многу е важно овој изворен и природен вкус да не се расипе и децата да не се направат месојадци. Како и да ги толкуваме фактите, еден факт е непобитен: тоа е дека големите месојадци најчесто се посурови и подиви од останатите луѓе."

Емануел Кант (1724 - 1804, германски филозоф): „Ѕверствата кон животнитете се всушност активности на луѓето кои се свртеле самите против себе."

Жан Пол (1763 - 1825, германски поет): „ Праведен Боже! Од колку часови малтретирање животни составува човекот една минута празнично јадење за својата уста?"

Александар фон Хумболт (1769 - 1859, германски научник; основач на научната геологија): „Ѕверствата кон животните не би можеле да постојат покрај вистинско образование или наука. Тие се еден од најзабележителните товари на еден низок и варварски народ." „Кадешто живее еден ловец, би можеле да живеат десет овчари, стотина полјоделци и илјадници градинари.... Едно парче земја што како ливада се користи за сточна храна, може преку месото на животните што се одгледуваат на таа ливада да исхранува десет луѓе. Од друга страна, тоа исто парче земја може да исхранува околу стотина луѓе употребено на друг начин и засадено со грашок, репа, леќа, боранија или царевка."


Јозеф фон Гор (1776 - 1848, германски филозоф): „Оној што сака да излезе од рамките на вообичаениот живот се оттргнува од крвава исхрана и не ја бира смртта за составувач на својата листа на јадења."

Артур Шопенхауер (1788 - 1860, германски филозоф): „Оној што ѕверски се однесува кон животните, не може да биде добар човек." „Една понатамошна, необјаснива грешка на христијанството, која секојдневно се манифестира во примитивни последици, се состои во тоа што човекот на еден неприроден начин е одвоен од животинскиот свет. И покрај тоа што по сета своја суштина припаѓа на животинскиот свет, тој се одвоил од него и ги набљудува животните како и останатите обични предмети. Истакнатата улога што на животните им е доделена во браманизмот и будизмот споредена со нивната ништожност во христијанството му ја одзема на христијанството сета веродостојност, без оглед на тоа колку ние европјаните сме веќе навикнати на вакви апсурди."

 

Ралф Валдо Емерсон (1803 - 1882, американски поет и филозоф): „Вие тукушто завршивте со својот ручек. Но, колку и да е внимателно затскриена кланицата, на растојание од малку или пак многу километри - вие сте сепак соучесник во она што се случува таму."

Жорж Санд (1804 - 1876, француска писателка): „Денот кога луѓето повторно ќе почнат да јадат овошје и најразлични плодови и кога месојадците ќе исчезнат од земјата ќе биде ден на голем развој на човечката раса. Од мигот кога ќе успеме да ги надминеме крвавите оброци што содржат месо, a со тоа и војните, се на нашава планета ќе стане возможно."

Рихард Вагнер (1813 - 1883, германски композитор): „Не знам како драгиот Господ Бог ќе го вреднува моево дело. Минативе недели напишав над педесет страници партитури од „Парсифал" и им го спасив животот на три малечки кученца. Да почекаме и да видиме кое од овие две дела ќе превагне на тасовите на Божјата вага."

Хенри Дејвид Торо (1817 - 1862, американски писател и филозоф): „Немам никаков сомнеж дека судбината на човечкиот род во текот на неговиот понатамошен развој ќе го доведе човекот до точката кога тој ќе се откаже од јадењето животни."

Лав Толстој (1828 - 1910, руски писател): „Ако човекот сериозно и систематски го бара исправниот морален пат, тогаш првото нешто што мора да го стори е да се откаже од јадењето месо. Бидејќи, независно од возбудувањето на страстите што го предизвикува ваквиот начин на исхрана, таа исхрана е едноставно непристојна; не му приликува на еден воздигнат човечки дух да чини противречни работи, работи што убивањето неминовно ги носи со себе."
„Јадењето месо е остаток од голема суровост; преминувањето кон вегетаријанство е првата и најприродна последица на осознавањето ... Вегетаријанството е критериум според кој можеме да осознаеме дали стремежот на човекот кон морална целосност е вистински и сериозен." ,Новекот може да живее и притоа да биде потполно здрав и без да убива и јаде животни. Кога човекот јаде месо, со тоа тој станува соучесник во убивањето на животните, со цел да му удоволи на својот вкус. Но таквиот чин е неморален. Таа вистина е толку едноставна и недвосмислена, што е невозможно човек да не се согласи. Но само од причина што мнозинството сеуште е приклонето кон јадењето месо, таквата исхрана и понатаму се смета за оправдана и се коментира со насмевка: „Но, еден бифтек е убава работа и јас денес со задоволство ќе јадам бифтек за ручек."

Вилхелм Буш (1832 - 1908, германски сликар, графичар и поет): „Вистинската човечка култура ќе настане оној миг кога за канибализам ќе биде прогласено не само јадењето луѓе, ами и јадењето на секој вид месо."

Емил Зола (1840 - 1902, француски писател): „Животните и нивниот живот ми се многу поважни отколку грижата да не излезам смешен."

Август Бебел (1840 -1913, еден од основачите и водачите на германската социјалдемократија): „Многу јасно се забележува дека паралелно со развитокот на човечката култура, растителната исхрана ја заменува месојадната."

Бетина Фрајфрау фон Сутнер (1843 -1914, австриска писателка и борец за мир; добитник на Нобеловата награда за мир во 1905 година): „Од сто образовани и чувствителни луѓе, веројатно деведесет никогаш веќе не би ни помислиле да јадат месо кога би морале самите да ги убиваат и черечат животнит што ќе ги јадат."
„Цврсто сум убедена дека ќе дојде време кога ниту еден човек нема да сака да се исхранува со трупови од мртви животни, кога нема да може да се најдат луѓе спремни да колат и убиваат животни. Колкумина од нас веќе сега воопшто не би јаделе месо, кога би морале самите да го забодат ножот во вратот на животното пред да го јадат." „Оној што не може да ги слуша жртвите какво пиштат и што не може да ги гледа како се грчат во претсмртни страдања, a кому што веднаш по напуштањето на кланицата му станува сеедно за пиштењата и грчењата што ги видел -тој човек можеби има силни нерви, но потполно е сигурно дека нема срце."

 

Петер Розегер (1843 - 1918, австриски писател): „Животното има срце што е во состојба да чувствува исто како и ти. Животното се радува страда како и ти. Животното има своја животна патека како и ти. Животното го има потполно истото право на живот што го имаш и ти."

Фридрих Ниче (1844 - 1900, германски филозоф): ,Античката филозофија беше предодредена од едноставноста на животот и учеше на едно извесно отсуство од желби и побарувања. Од овој аспект, малкуте филозофи-вегетаријанци сториле повеќе за човештвото отколку сите нови филозофии. И си додека филозофите не се здобијат со храброст да тргнат во потрага по еден сосема изменет начин на живот и истиот да го покажат со личен пример, нема ништо да стане од нив." „Разбраноста на еден човек почнува во неговата кујна."


Томас Алва Едисон (1847 - 1931, американски пронаоѓач, покрај останатото и на електричната светилка, грамофонот и микрофонот): „Јас сум вегетаријанец и антиалкохоличар, бидејќи на тој начин можам многу подобро да го користам својот мозок."

 

Никола Тесла (1856 - 1943, српско-американски физичар и електро-техничар): „Во секој случај треба да се даде предност на одгледувањето зеленчук, a јас исто така мислам и дека вегетаријанскиот начин на живот е едно отстапување од постоечките варварски навики кое секому би му го препорачал. Многу раси што живеат само од зеленчук начелно се во прекрасна телесна состојба и поседуваат голема сила. ... Земајќи ги предвид изложениве работи, треба да се преземат сите можни мерки и вложи сиот можен труд за да му се стави крај на подлото и ѕверско убивање на животните, што во спротивно ќе ги уништи нашите морални вредности."

 

Џорџ Бернард Шо (1856 - 1950, ирски драматург; добитник на Нобеловата награда за литература во 1925 година): „Животните ми се пријатели, a јас пријателите не ги јадам!"

 

Рудолф Штајнер (1861 - 1925, австриски филозоф, педагог и природонаучник; основоположник на антропозофијата): „Благодарение на растителната исхрана, човекот е во состојба да навлезе во големите и најкомплицирани меѓузависности на овој свет, што ги надминуваат тесните граници на индивидуалното постоење. ... Насекаде каде луѓето го управуваат и подредуваат живеењето и мислењето слободно и неоптоварено, мотивирани од возвишени идеали, го чинат тоа благодарение на растителната исхрана. Напредокот ќе се состои во тоа човекот во својата исхрана да ја ограничи употребата на храна од животинско потекло само на оној дел што не е проткаен со страдања, имено на млекото. Растителната храна ќе зазема си поголем простор во човековата исхрана."

Свен Хедин (шведски експерт за Азија): „Јас никогаш не сум бил во состојба да згаснам едно светло на животот, бидејќи ми недостасува моќта да припалам едно исто такво светло."


Макс Оскар Бирхер-Бенер (1867 - 1939, швајцарски лекар и советник за исхрана, „пронаоѓач" на музлите): „Пропорционално со обемот што го зазема храната базирана на месо и останатите стимуланси (кафе, алкохол и сл., заб. прев.) кај еден народ, толку се помали неговите достигања, доблест и психофизичка сила. За разлика од нив, кај народите чија исхрана е исклучително или претежно вегетаријанска почива еден изненадувачки развоен потенцијал и сила."

Махатма Ганди (1869 - 1948, индиски политичар и поборник на отпорот без насилие): „Верувам дека духовниот напредок, кога ќе надмине една извесна точка, изискува од нас да престанеме со убивањето животни заради своите телесни ќефови!"
„Величината и моралниот напредок на една нација можеме да ги цениме по начинот на кој таа се однесува кон животните." „Сецирањето животни на живо, без анестезија, е најцрниот од сите црни престапи што луѓето денеска ги чинат."

Кристиан Моргенштајн (1871 - 1914, германски поет): „Кога модерниот човек, кој ги користи животните за своја исхрана, би морал самиот да убива, бројот на вегетаријанци би експлодирал до неслутена големина."

Алберт Швајцер (1875 - 1965, Алзаски теолог, музичар и лекар-мисионер; добитник на Нобеловата награда за мир во 1952 година):
„Мојот став е дека ние истапуваме за поштедување на животните, потполно се откажуваме од јадењето месо, a и истапуваме и зборуваме против јадењето месо. Тоа го чинам и јас самиот."


Алберт Ајнштајн (1879 - 1955, германско-американски физичар; добитник на Нобеловата награда во 1921 година): „Ништо нема повеќе да ги зголеми шансите за преживување на земјата, како што тоа може да го стори преминувањето на вегетаријански начин на исхрана." „Само преку влијанието врз психата на човекот, врз неговиот темперамент, вегетаријанскиот начин на живот би влијаел исклучително позитивно и врз неговата судбина."

Ели Hej (1882 - 1968, германска пијанистка): „Вегетаријанството ми е веќе со децении една интимна внатрешна желба, молба и потреба; за мене вегетаријанството всушност е најприроден начин на живот на луѓето. ... He можам да сфатам како секој пријател на животните не е воедно и вегетаријанец."

Франц Кафка (1883 - 1924, австриско-чешки писател): „Сега можам конечно со спокојство да ве набљудувам; јас повеќе не се хранам со вас!" (Забелешка при едно набљудување на риби во аквариум.)

Еуген Poт (1895 - 1976, германски писател): „Си мисли човек, задоволен и радосен/ не сум касап, крвав, суров/ но тој човек колбаси љуби/ a со тоа и невиноста за убивањето му се губи."


Исак Башвиш Сингер (1904 - 1991, американски писател; добитник на Нобеловата награда за литература во 1978 година): ,Несто се вели дека луѓето отсекогаш јаделе месо, како тоа да е некое оправдување и понатаму да се јаде месо. Според истава логика, ние не би смееле да се обидуваме да ги спречуваме луѓето да убиваат други луѓе, бидејќи луѓето, исто така, отсекогаш убивале други луѓе." „Сите ние сме Божји творби. ... Но, сопствената потреба за правда на секој поединец е занемарена со тоа што тој убива животни за да ги јаде. Од друга страна, луѓето го молат Бога за милост, a самите не се подготвени да ја дадат истата таа милост. Co какво право тогаш се надеваат на Божјата милост? Неправедно е и спротивно на секоја доследност да се очекува од другите нешто што човекот не е подготвен самиот да го даде."
„Вегетаријанството е мој поглед на светот. ... Јас сум и ќе останам вегетаријанец, дури и кога целиот останат свет одненадеж би започнал да јаде месо. Тоа е мој протест против состојбите во денешниов свет. Да се биде вегетаријанец за мене значи да не се подредувам на актуелните движења, да не го правам она што сите го прават. Атомска енергија, глад, ѕверства - тоа се си работи и дела против кои ние мораме да протестираме и да заземеме јасен став. Вегетаријанството е мојот став. Тоа според мене е многу убедлив став."


Луиз Ринсер (1911, германска писателка): „Денес веќе не гледаме ништо од маченичкиот живот и умирањето на животните што ги јадеме. Тоа сега се случува автоматски. Во еден момент сеуште исполнето со живот, живо суштество, во следниот момент веќе искасапен куп месо, наша храна, наш израз и форма на канибализам."
„Индусите и будистите не јадат месо. Зошто не јадат? Бидејќи тие знаат дека и во животното постои „атман", душа. A душата е Божј и здив. Co тоа и животното е Божја пројава. ... Уште долго ќе треба луѓето да разберат дека сите луѓе на земјата се еден народ и дека луѓето, растенијата и животните заедно го сочинуваат Божјото царство, a со тоа судбината на еден дел од тоа царство е судбина и на останатите два дела."

 

Вегетариј анството и светските религии

 

Пожртвувањето и сочувството кон послабите се две основни етички вредности, што високо се ценат во сите светски религии. Но, зошто денес овие вредности веќе не важат и за животните? Зошто ниедна од големите религии на денешнинава не бара од своите верници доследно и потполно да престанат со колење и јадење животни?
Зарем не е разумно да се претпостави дека Господ, кој на своите чеда им го сака само најдоброто, ја предвидел ненасилната и здрава исхрана за луѓето, вегетаријанската исхрана? Но и покрај тоа, современите големи религии најчесто не го признаваат религиозниот принцип на вегетаријанскиот начин на живот; напротив, дури и неговото значење често свесно го намалуваат, па дури и сосема го негираат.
Францускиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература Роман Ролан (1866 - 1944) во врска со ова прашање го забележува следното: „Ѕверствата кон животните, па дури и рамнодушноста кон нивните страдања, според мене се најголемиот грев на човечкиот род. Тие ѕверства се основа на човечката расипаност. Кога човекот веќе самиот создава толку страдања, какво право има тогаш да се жали за своите сопствени страдања?"
За жал, модерните религиозни институции ниту ги согледуваат овие гревови како гревови, ниту пак нешто чинат за да се борат против нив. Но, кога ќе земеме да ги проучуваме изворните учења на секоја од големите религии, гледаме дека колењето животни во ниедно од тие учења не се одобрува; во многу религии дури и најстрого се забранува.

 

Христијанство

 

„Немој да го черечиш божјото суштество само со цел да го јадеш. ... He е добро да сејаде месо, ни да се пие вино, или пак нешто друго да се чини, со што му се чини зло на твојот брат. " (Римско писмо бр. 14, страници 20-21)

Од ранохристијанските историски списи се гледа дека првите светци и црковни великодостојници што биле директни ученици на Христос претежно се хранеле без месо; некои апостоли дури и се именуваат како вегетаријанци. Во Книгата „Педагогус" (том 2, глава 1), напишана од Клемент Александриски (150-215 година н.е.) се вели дека апостолот Матеј „се хранел со растителна храна и не допирал месо". Грчкиот историчар и бускуп од Цезарија, Еузебио (264 - 339 г.), во својата книга „Историја на црквата" (том 2, глави 2 и 3) обрнува внимание на тоа што апостолот и евангелист Јован бил убеден аскет и вегетаријанец. Исто така и апостолот Петар сведочи во „Клементинските толкувања на Библијата" (том 12, глава 6): „Јас живеам од леб и маслинки, a од време на време и малку зеленчук."
Натамошни примери на ранохристијански вегетаријанци се Папиас (65 - 130), Тертулијан (160 - 222), Ориген (185 - 254), светиот Кипријан (200 - 258), светиот Антоние (251 - 356), светиот Хиероним (347-419) и светиот Јован Златоуст (344-407). Co овие ранохристијански вегетаријанци ни оддалеку не се исцрпува бројот на вегетаријанците меѓу истакнатите ранохристијански дејци.
Тертулијан, најстариот латински црковен писател, во 200 г.н.е. дури ги дели христијаните на две групи: од една страна на „вистински христијани", што живеат вегетаријански, и на месојадци, кои ги вика „тела без душа". Во преданието ја наоѓаме и следната изјава на светиот Василиј (330 - 379), црковен учител и бискуп од Цезарија: „Телото што е отежнато и оптоварено со месо лесно го напаѓаат најразлични болести; умерениот живот го прави телото поздраво и посилно не им дава на болестите да се развијат. Испарувањата на месните оброци го затемнуваат светлото на духот."

 

Како јадењето месо станало „христијанско"

Трагите на ранохристијанските заедници во Палестина, Византија, Грција, Картагина и Александрија (Египет) укажуваат дека се до 4-ти век на нашата epa пиењето алкохол и јадењето месо не било дозволено. Тогашните ранохристијански заедници го црпеле своето знаење од учењето на Христос и од други многубројни свети списи достапни во тоа време. Најголемиот дел од овие прастари христијански документи биле подоцна занемарени или потполно отфрлени од „западното" христијанство, од новата гранка со центар во Рим.
Христијаните што се доселувале во Рим биле подготвени да прават компромиси со нехристијанскиот римски начин на живот, со цел да ги избегнат прогонувањата на христијаните, организирани ширум римското царство, и да станат омилени кај тогашната владеачка класа. Така успеале дури и да се здобијат со наклоноста на тогашниот цар Константин (280 - 337), кој подоцна и самиот се покрстува. Константин, кој не сакал да се откаже од месото и виното, решил дека римската форма на христијанството треба да стане религија на сите граѓани на неговото царство. Оваа своја одлука со далекусежни последици Константин ја спроведувал - секогаш кога тоа било потребно - дури и со сила.
Во 325-та година Константин го свикал соборот од Никеја, каде на неколку учени луѓе (така наречени коректори - correctores) им била дадена задача да ги „приредат" и „поправат" бројните ранохристијански документи за животот и учењето на Христос. Само четири од многуте изворни сведоштва биле признаени за Евангелие и собрани во еден прв канон, кој уште тогаш не бил едногласно прифатен. Дури половина век подоцна (во 382 година) папата Дамасие признал еден многукратно преработен избор на канонски текстови како „Нов завет".
Теологот и истражувач на раното христијанство Г. Оусли ги коментира овие намерни промени, односно разводнувања на Христовото учење со следниве зборови: „Овие коректори многу педантно и внимателно ги одстраниле сите делови од Евангелието што содржеле учење кон кое тие самите или пак царот Константин не сакале да се придржуваат. A тука пред се се работи за забрани што се однесуваат на јадењето месо, пиењето опојни пијалоци и слично." (Евангелие на светите дванаесет, предговор.)

Изворните христијани, кои и понатаму живееле според Христовите заповеди - едноставно, сочувствително и ненасилно, a тоа меѓу другото значи дека не јаделе месо ниту пиеле алкохол - кои не сакале да му се подредат на новото христијанство, биле приморани да се кријат од своите римски „браќа по вера", бидејќи Константин не поднесувал ниту непослушност, ниту пак критика. Сочувани се извештаи што говорат дека фатените „христијани-отпадници" биле убивани во склад со старите римските обичаи: со налевање на течно олово во устата. На овој начин под патронат на царот Константин и неговите следбеници започнало да се шири новото христијанство. Како последица од ова Константин е прогласен за светец од страна на римската црква a Христосовиот празник Божиќ е преместен на денот на неговиот роденден (25. декември). Неговата животна приказна била разубавена со помош на многубројни легенди.

 

Во име на Исус Христос?

 

Но, не страдале само луѓето од ова самоволно менување на црковните закони од стана на црковните институции; страдале и животните, кои и понатаму се колеле и јаделе.
Тома Аквински (1225 - 1274), чии погледи на свет со векови го одредувале начинот на мислење во христијанската западна Европа, рекол во средниот век дека убивањето животни е дозволено, образложувајќи дека животните немаат душа. (Тука е интересно да се забележи тоа што тој воедно тврди дека и жените немаат душа.) Едно единствено мислење од темниот среден век? He, за жал, не. Подоцна се тврдело дури и дека Индијанците немаат душа, дека ниту „црнчугите" немаат душа, па со тоа оправдување на христијаните званично им било дозволено да ги убиваат Индијанците, a црнците да ги држат како робови и со нив да тргуваат како што тргуваат и со животни, да ги измачуваат, па дури и да ги убиваат. Под истата таа претпоставка и денес во христијанските земји животните се мачат, убиваат и јадат.
Бискупот Махенс од Хилдесхајм објавува во едно „писмо за постите" од 08.03.1949: „Животните немаат духовна душа и не ги очекува живот по смртта. Затоа животните немаат ниту гордост, врз основа на која можат да бараат права за себе. Тие, практички, немаат ниту право на постоење или пак здравје, немаат право на сопственост и добар глас."
Во еден разговор со познатиот германски теолог д-р Хајнрих Страјтхофен, весникот Германско живинарство и свињогојство (Deutsche Geflugelwirtschaft und Schweineproduktion) во изданието од 26.10.1985 го поставува следното прашање: „Некои активисти за заштита на животните тврдат дека животните, аналогно на нас луѓето, имаат основни права, како на пример правото на живот. Што мислите Вие за тоа?" На тоа теологот Страјтхофен одговорил: „Тоа е бесмислица! Тоа не е ниту правно, ниту теолошки, ниту пак филозофски издржано. ... Само човекот е личност. На животните им недостасува личниот карактер.... Во подредувањето на животните според нивната корисност за луѓето, оправдана е не само нивната употреба, туку и нивното убивање или нивното одгледување за колење."
Дури и самиот nana Јован Павле II во својот говор 1985-та година пред група собрани биолози вели: „Сигурно е дека животните се создадени за да му служат на човекот, a тоа значи дека тие може да се користат и за научни експерименти." Притоа папата се потпира врз следната изјава од актуелниот катехизам на католичката црква, во која искористувачкиот став кон животните званично се дозволува и објаснува: „Така, човекот смее да ги користи животните за исхрана и за облекување. Луѓето смеат да ги припитомуваат, со цел тие да им користат во работата или во нивното слободно време. Пристојните медицински и научни експерименти се дозволени во разумни граници, бидејќи придонесуваат за тоа да го лечат и спасуваат човековото здравје." (Број 2417)
Значи, воопшто не треба да чуди што отсекогаш постоеле гласови што говореле за едно „предавство кон животните од страна на христијаните". „Што можеме да очекуваме од една религија, која го исклучува сочувството кон животните?", - со право се има запрашано веќе во минатиот век Рихард Вагнер (1813 - 1883), познат германски композитор и вегетаријанец.

 

Конзумирањето месо и денешната библија

 

Но, што вели библијата на темата јадење месо? Различните изданија на црковната библија се повикуваат на најстариот библиски текст, на т.н. Codex Sinaiticus, што се употребува се до денес. Овој текст е напишан на грчки јазик и потекнува од четвртиот век, што значи од времето после соборот од Никеја на Цар Константин! Поранешни оригинални текстови на библијата денес официјално не ни се достапни. Останатите признаени библиски текстови, како на пример Codex Vaticanus и Codex Alexandrinus, се напишани уште подоцна и исто како и Codex Sinaiticus се состојат од црковни преводи и препишувања на поранешни преписи.
Затоа не не чуди што денес се сочувани само делчиња од изворното учење на Исус Христос, a тоа е случај и со неговото учење во однос на човековата исхрана. Бидејќи нам не ни се познати клучните изјави на Христос по ова прашање, сите дискусии за Исусовиот начин на исхрана само врз основа на Новиот Завет се ирелевантни.
Дури и Стариот Завет, површно анализиран, не дава јасни ставови, туку содржи во себе противречни препораки и поуки. Извесни делови од неговиот текст им наложуваат на луѓето вегетаријански начин на исхрана, додека пак други делови го дозволуваат јадењето на месо и жртвувањето животни. Но, при детално проучување на текстовите, недвосмислено може да се заклучи дека предимство се дава на вегетаријанската исхрана.
Во првата Книга на Мојсие наоѓаме дозвола за јадење месо („Се што живее, што се движи, треба да ви служи за ваша исхрана", Мојсие 9,3), но оваа изјава се однесува на времето по потопот, кога сета обработлива почва била буквално уништена. Место да се повикуваме на оваа дозвола дадена во голема нужда (а во тој случај доследно би требало да се повикаме и на смртната пресуда во поглавјето 9,6!), би било многу подобро кога би се придржувале кон изворните Божји наредби од првата страна од Библијата: „Господ рече: Еве, ви ги давам сите растенија од целата земја што семиња носат, и сите дрвја што раѓаат различни плодови со семки. Тие треба за храна да ви служат." (Поглавје 1,29).
Во наредните стихови Господ Бог потврдува дека овој вид храна е „многу добар", додека останатите видови храна што подоцна ги спомнува (оние што содржат месо) се дозволени само за задоволување на незаситната лакомост на луѓето - еден начин на исхрана што предизвикува страв и паника ... кај сите животни на земјата, кај сите птици на небото и кај се што се движи по земјата и кај сите риби во морето. (Поглавје 9,2)
Често цитираниот пример со потполошките од четвртата книга на Мојсие уште повеќе го појаснува ова. Откога народот Израелски за време на преселбата низ пустината се заситил од „маната", небесниот леб, и почнал да бара месо, Господ им испратил потполошки, што како дожд паѓале од небото. Овие потполошки народот лакомо ги собрал и се подготвувал да ги приготви и свечено да ги јаде. (Опишано во поглавје 11, 31-32)
Но тука треба да обрнеме внимание и на следниот стих: „Месото сеуште им беше меѓу забите, сеуште не беше изедено, кога се истури Божјиот гнев врз народот и Господарот удри по народот со страшна Божја казна." (Поглавје 11,33) Co други зборови, на Господ нималку не му се допаѓа што луѓето го јаделе месото од потполошките.
На оваа тема пишува и Хиероним (347 - 419), црковен поглавар на Витлеем: „Пиењето вино започнало по потопот, заедно сојадењето месо. Се до потопот, јадењето месо било непознато, но од големиот потоп наваму кон устите ни се принесуваат мускулите и одбивно миризливите остатоци од животинското месо. ... Исус Христос кој се појави меѓу нас кога времето за Hero дојде, повторно го поврза крајот (Поглавје 1,29) со почетокот, така што нам веќе не ни е дозволено да јадеме месо."

 

Свети Јован Крстител

 

Многу од познатите Божји избраници и слуги низ сите епохи одбивале да јадат месо од убиени животни. Оној што тврди дека овие големи личности јаделе месо им штети и ним и себеси. За жал, од четврти век наваму ова се прави не само со Исус Христос и неговите најблиски следбеници, туку и со неговиот најважен гласник, Свети Јован Крстител: „Свети Јован носеше облека од камилска кожа опашана со кожен појас околу половината; скакулци и див мед беше неговата храна" - читаме во Матеј, 3,4.
Овде гледаме еден класичен пример на манипулиран превод. Кој може да верува дека возвишениот Свети Јован Крстител, кому дури и Христос му дозволил да го крсти, јадел скакулци? Под „скакулци" (латински locusta) во Библијата се мисли на плодовите од дрвото локуст, така наречено дрво на скакулците или курбарил. Плодовите на локустот, керобот, се еден од најважните прехрамбени артикли во Палестина и бидејќи од нив се исхранувал и Свети Јован Крстител, до денешен ден овие благи, грашести плодови се викаат „Јованов леб"! Насекаде каде виреат цветни дрвја има и див мед. Co тоа се хранеле големите свети личности, a не со месото. Така, впрочем, е и претскажано од страна на пророците на Стариот Завет. (Путер и мед ќе јаде тој ...)

 

Искри на надеж


За среќа, сеуште има побожни христијани, дури и теолози, кои библиските заповеди „Не убивај!" и „Сакај го ближниот свој како себе самиот!" не ги ограничуваат само на луѓето. Врз основа на христијанското учење, тие се имаат решено за вегетријански начин на живот и максимално се заложуваат за негово пропагирање.
Како пример за тоа сакаме да наведеме два случаји што ни даваат надеж. Проф. Ерих Грасер, ординариус за Новиот Завет на универзитетот во Бон, во едно обраќање на тема „Црквата и заштитата на животните" изјавува: „Некогаш, кога ќе биде пишувана историј ата на нашата црква, темата „Црквата и заштитата на животните во 20-ти век" ќе претставува едно исто толку црно поглавие, како што е сега темата „Црквата и горењето вештерки" од средниот век...."
Она што ние денес го доживуваме со масовното товење на домашните животни и нивното деградирање во животински машини е една сурово пресметана, гнасна, пеколна игра. Прекумерната продукција на јајца, месо и путер што западните општества во благосостојба ја остваруваат на овој начин се плаќа со измачување и малтретирање на животните недостојно за човекот. Наспроти оваа бруталност која се практикува насекаде и не се казнува, етиката на Алберт Швајцер „Стравопочит кон животот" звучи како порака од некоја друга планета. A таква црква, која покрај сево ова молчи, го објавува со тоа банкротот на своите проповеди за милост и љубов кон ближниот.
При сето тоа, етиката на стравопочитта кон животот е библиска. Библијата на Стариот и Новиот Завет е полна со сведоштва на Божата грижа кон сите суштества. Бидејќи добриот однос кон животните е нешто само по себе сосема природно, центарот на христијанската вера е опишан со положувањето на Христосовиот живот за човечките гревови и со сликата на добриот овчар: „Јас сум добриот овчар, a добриот овчар ако треба и ќе го жртвува животот за своите овци."
Еугер Древерман, познатиот теолог и психотерапевт од Падерборн, ги објаснува во едно предавање за културата на мирот во религиите (од 18-ти август 1991-ва) целите на познатата молитва „Оче наш" на следниот начин:
„Мисли на нашите постари сестри и браќа, на животните. Забранувај им на луѓето да убиваат и јадат животни. Бидејќи и тие се суштества што чувствуваат, бидејќи и во нив живее жедта за живот, бидејќи тие се наши сопатници на патот кон бесмртноста."
„Се додека луѓето убиваат животни, ќе водат и војни. Се додека луѓето јадат животни, ќе ги измачуваат до смрт нивните невини жртви: стотини илјади во лабораториите и шталите за масовно одгледување, милиони во градските касапници, неброено многу низ светските мориња. Реките од нивната крв не смеат повеќе да служат за храна, нивните тела не смеат повеќе да бидат извор на суровини, нивниот живот не смее повеќе да биде храна за нас, за луѓето. Забрани ни го, Господе, дневниот оброк месо. Дневниот оброк леб дај ни го денес."

 

Еврејство

 

„Ти, што сочувствуваш со едно мало јагне, ти треба да станеш овчарот на мојот народ Израел. " (Мидраш Раба, Егзодус 11,2)


He се воздржувале одјадење месо само старохристијанските црквени великодостојници од првите векови по Исус Христос, туку и многу од еврејските калуѓерски редови што делувале пред и по Христовото раѓање, како на пример редовите на Есените и Назаретците.
Следејќи ги изворните Божји закони (види ги погоре веќе цитираните места 1,29 и 3,18), десет генерации од народот на Израел од Адам до Ное живееле вегетаријански. Но, за време на животот на Ное започнува драматично опаѓање на моралот. Луѓето почнуваат да жртвуваат животни (Ген. 4.4), да ги користат животинските кожи за облека (Ген. 3,21) и конечно, да се убиваат помеѓу себе. (Ген. 4,8 и 4,23) Во овој период Господ дозволува да се јаде месо како попуст на раскалашеноста и расипаноста на неговиот народ, но исто така многу јасно кажаува дека нему тоа не му се допаѓа. (Нум. 11,33).
Во врска со јадењето месо Господ предупредува преку пророкот Јосиф: „Што треба да чинам со оваа мнозина од вас заклани жртви? Презаситен сум од вашите овни што како жртви ги палите, исто како и од маста на вашите говеда. Крвта на биковите, овците и козите не ми годи. ... Кога вие ми ги подавате вашите раце, ги покривам очите од вас. Молете се колку сакате, јас не ве слушам. Рацете ви се полни со крв". (Исус, 1,11 и 1,15) Би можел ли Господ Бог уште појасно да ја изрази својата желба?
По два неуспешни обиди да му препише вегетаријански начин на исхрана на народот на Израел, конечно Господ бил подготвен да го дозволи јадењето месо, но со многу обврски и ограничувања. Така, во еврејските списи е строго забрането да се јаде крваво месо. (Ген. 9,4; Лев. 17,14 и сл.) Наместо да се откажат од јадење месо во потполност, еврејските верски учители врз основа на дозволата да јадат некрваво месо вовеле сложени правила за исхраната (Кашрут), како и правила за одржување на чистотата и ритуали за убивање (Шехтија), со цел да добијат едно „Кошер (чисто)" месо. Овие традиционални правила и ритуали се останати во сила се до денешен ден, без никаков обид да се преиспита целта на нивното воведување. Така до денешен ден животните се „шехтирани", што во праксата значи дека тие се бесат за задните мозе, им се сече грлкланот без да се онесвестат (значи, на живо) и се оставаат бавно да искрварат. Тоа е секако еден исклучително брутален начин на убивање, којшто бездруго не може во потполност да ја отстрани крвта од месото. Големиот дел од крвта се отстранува од артериите, но останатиот дел е во капиларите, најмалите крвни садови. Значи, не може да постои некрваво месо.
He е тешко да се погоди што е вистинската цел на ваквите и слични ограничувања: да му стане на човека јасно дека е подобро потполно да се откаже од јадењето месо, бидејќи вегетаријанците воопшто не конзумираат крв, и дека секое вегетаријанско јадење е по својата природа кошер. Доследната примена на еврејските правила за исхрана во својата последна фаза би морала да стане вегетаријанство, бидејќи е јасно дека човек најдобро ќе ги заштити животните од болки ако ги остави да живеат.
Познатиот еврејски научник Ричард Шварц образложува: „Може ли една религија која не дозволува говедата и магарињата да се чуваат во иста просторија (Дтн. 22,10), која пропишува дека на говедата при преживање не смее да им се стави оглав околу вратот (Дтн. 25,4) и дека животните треба да пасат на отворени полиња, со цел да се овозможи човек на Сабат да се воодушевува на убавината на создавањето (Рашидов коментар во Егзодус 23,12)- може ли една таква религија да ј a пренебрегнува надалеку распространетите наредба tsar-ar ba-ale chayim, да не му се нанесува зло и болка на ниедно живо суштество?" (Од: Еврејството и вегетаријанството)

 

Ислам

 

„ Оној што е добар кон Божјите творби, добар е и кон себе си. " (Проповед на пророкот Мухамед)


Според исламската традиција, во Мека, светото родно место на Пророкот Мухамед (570 - 632), не смее да се коле ниедно божјо суштество. Освен тоа, таму треба постојано да владее целосна хармонија меѓу сите живи суштества.
Општо земено, во исламската традиција има многу сеопфатни изјави за тесната поврзаност меѓу луѓето и животните. Во учењето на Коранот можат да се пронајдат редица текстови што зборуваат за универзалното сочувство и љубов кон ближниот, текстови со кои се бара правда за сите живи суштества. Така, на пример, во шестиот дел на Коранот стои: „Не постои ниедно животно на земјата, ниедна птица што лета на небото на своите две крилја, што не би биле заедно и еднакви на вас. Сите суштества Алахови го сочинуваат единственото Негово семејство." (6,39)
И покрај тоа што исламот не е религија што званично го пропагира вегетаријанството, Мухамед од љубов кон животните секогаш високо го држел овој свој етички идеал. Ова со голема јаснотија произлегува од веродостојните описи на неговиот живот (Хадити). Така, на пример, Мухамед во една прилика го поучува својот син Али: „О Али, воздржи се од јадење месо 40 дена без прекин. Бидејќи ако четириесет дена едноподруго јадеш месо, твоето срце ќе стане тврдо како камен и ти веќе нема да имаш сочувство. Затоа, откажи се потполно од јадење на било какво месо." На ист начин го поучува и својот зет. Но според преданието, Мухамед не можел на тој начин да ги поучува сите, бидејќи многу луѓе воопшто и не сакале да слушнат за такво нешто.
Самиот Мухамед се исхранувал претежно со матеница, кисело млеко, мед, ореви, смокви, урми и друго овошје. Поведен од заклучокот дека не е во состојба потполно да го забрани убивањето животни за исхрана, Мухамед намерно им наметнува на луѓето разни ограничувања, како на пример на бројот на заклани животни или во самиот чин на колење. Така, за време на колењето, касапот мора на животното да му гледа во очите, и ако види солзи во нив и тој треба да заплаче. На овој начин му се дава можност да разбере што тој всушност чини и самоволно да се откаже од убивањето животни. На овој посреден начин Мухамед се обидел да ги подучи луѓето за смислата на ненасилниот живот, бидејќи тие не можеле тоа да го научат на друг начин.
Според преданијата од Хадитите, еднаш Мухамед ги корел своите ученици поради недоволно сеопшто сочувство. „Но ние сме исполнети со сочувство" - возвратиле учениците - „сочувство спрема нашите жени, деца и останати роднини." Пророкот на тоа одговара: „Јас не зборувам за тоа. Јас зборувам за едно сеопшто и сеопфатно сочувство."
Врз основа на ова јасно искажување на исламската вера за сочувството и отсуството на насилие кон сите Божји суштества - слично како и во христијанството и еврејството - и во најголемиот број на исламски верски школи постоеле верници што се решавале за вегетаријанска исхрана. (Ова пред си се однесува за суфизмот, една позната мистично-аскетска гранка на исламот, во која откажувањето од месо и алкохол се смета за висок религиозен идеал и предуслов за развој на духот и занесно доживување на Бога.)

 

Будизам

 

„Јадењето месо го сече коренот на големото сочувство со сите живи суштества. " (Махапаринирвана-сутра)


Во своето учење, Буда „Просветлениот" (560 - 480 пред н.е.) го воведува принципот на Ахимса или воздржување од насилие, a со тоа и вегетаријанство, како еден од фундаменталните чекори на патот кон самоосознавањето. Практично, една од најважните работи за него била да им стави крај на животинските жртви и јадењето месо. До денешен ден будистичкото учење е познато по својата заложба за мир и љубов кон ближниот - дури и сега, кога веќе одамна сите будисти не се со самото тоа и вегетаријанци.
Во една прастара песна, наводно единствениот текст што го напишал самиот Буда, се вели: „Мојата љубов им припаѓа на суштествата што немаат нозе; но и на оние што имаат две нозе, a исто така и на оние што имаат многу нозе. Сакам се што е створено и живо, сакам сите суштества, од кој и да се вид, да не искусат ништо од што може да бидат загрозени. Сакам злото никогаш повеќе да не се појави."
Понатамошните Будини зборови го потврдуваат ова учење на безусловно откажување од насилие, пред се во однос на исхраната: „Од љубов кон чистотата секој просветлен Будин следбеник треба да се откаже од јадењето месо, бидејќи месото е претворена крв и семиња. Од страв да не предизвика смртен страв кај другите живи суштества, просветлениот следбеник на Буда, што преку самодисциплина го бара степенот на сочувство, треба да го одбива јадењето месо." (Ланакаватара-сутра). Причината за медитирање и стремеж кон просветлување е желбата да се побегне од животните страдања. Зошто тогаш треба да им нанесуваме страдања на останатите суштества, кога ние самите се обидуваме да се ослободиме од страдањата? Си додека не сте во состојба да овладеете со својот разум до таа мера самата помисла на измачување и убивање да ви е мачна, нема да ви успее ниту да се ослободите од стегите на овоземското живеење. (Сурангама-сутра)
Во денешнинава многу будисти сметаат дека месото смее да се јаде кога животното не е заклано за вашето лично уживање. Некои свештеници дури тврдат и дека смее да се јаде месо што ви е подарено како милостина, бидејќи на овој начин вие не сте учесници во убивањето. Но, ваквите аргументи недвосмислено и јасно не се оправдуваат во списите. Во Сурангама-сутра наоѓаме и предупредување од Буда: „По моето разделување со овоземскиот живот, ќе има луѓе што ќе ве водат кон заблуда, со тоа што ќе ве учат дека смеете да јадете месо и дека и покрај тоа ќе дојдете до просветлување. ... Но како може еден свештеник, што се обидува да ги води другите кон ослободувањето, да се слади од меса на други живи суштества?"
Во Ланкаватара-сутра се објаснува уште поодредено: „Не е точно дека е дозволено да се јаде месо кога животното не било убиено лично од месојадецот, кога тој тоа не го наложил или пак кога месото не било наменето за него лично. Можно е во иднина да се појават луѓе, што под влијание на сопствените желби за месо ќе измислат голем број паметни причини за да се го оправдат тоа што јадат месо. ... Сепак, јадењето месо во секој облик, во сите околности и насекаде е забрането - без исклучоци и еднаш за секогаш.... Никому не сум му дозволил да јаде месо, никому не му го дозволувам и никогаш нема никому да му го дозволам."

 

Хиндуизам

„Не треба да го употребуваш телото што Господ ти го дал заубивање на другите божји суштества - ниту луѓе, ниту животни, ниту било кои други суштества. "
(Јаџур-Веда, 12.32)

Хиндуизмот е модерен збирен поим за многубројните индиски филозофии и верски убедувања, чии извори се наоѓаат во повеќе од 5.000 години старите Веди. Хиндуизмот не само што е најстарата од сите големи светски религии, туку тоа е и онаа религија во која се наоѓа најголемиот број од религиозно мотивираните вегетаријанци. Индиската култура со илјадници години ги негува етичките идеали на Ахимса (воздржувањето од насилие) и почит кон сите божји суштества, со што се подразбира и вегетаријански начин на исхрана. Подоцна, под влијание на исламот (некаде од 1200 година) и христијанството (некаде од 1600 година), почнато е со убивање и јадење животни во голем стил. Но, и покрај тоа што денес и во Индија постојат кланици и се јаде месо, од целиот свет таму има процентуално најголемо учество на вегетаријанци. Различните изворни законици на ведската култура, како на пример Ману-Самхита, содржат јасни упатства во однос на јадењето месо: „Месото не може да се обезбеди без насилие кон останатите живи суштества. Затоа треба да се избегнува јадењето месо." На едно друго место се вели: „При поподробно размислување за одвратното потекло на месото и за ѕверството што се извршува над животните за време на нивното ропство и на колењето отелотворени суштества, човек треба потполно да се откаже од јадењето месо."
Исто така недвосмислено говорат и други ведски списи, како на пример познатата Бхагавад-Гита, во која Кришна (Господ) вели: „Безвкусната, расипана или распадната храна што се состои од остатоци од јадења и нечисти состојки, како на пример месото, ја сакаат луѓето што се во незанаење и заблуда." (Бхагавад-Гита, 17.10)
Во следново поглавје сакаме понатаму да црпиме совети од овие ведски текстови, бидејќи нивните изјави, особено во однос на кармичките последици од јадењето месо, се многу вредни и добра подлога за понатамошно размислување.

Карма и свеста за Бога

„ Сето она што човекот им го чини на животните се враќа на него самиот. " Питагора
, Се додека има кланици, ќе има u боишта. "Лав Николаевич Толстој

 

Кога човек ќе си го постави основното етичко прашање, дали луѓето смеат да убиваат животни, и кога ќе осознае дека одговорот гласи не, тогаш логично се поставува следното прашање: зошто тоа не им е дозволено на луѓето и што се случува кога човекот тоа сепак го чини, така како што денеска се случува?
Додека некои западни филозофии и религии не се дури ни начисто дали и животните имаат право на живот или пак луѓето смеат без никакви последици да ги убиваат, во ведските списи на стара Индија наоѓаме еднозначни и логични одговори и на ова прашање. Клучниото нешто што во врска со ова прашање мора да се разбере е смислата и значењето на кармата.

 

Индивидуална карма

 

Санскритскиот збор карма во буквален превод значи „дело" или „чин" (акција) и укажува на тоа дека секое дело на овој свет предизвикува различни краткорочни и долгорочни последици (реакции). Секој човек врши „карма" (дела) и со тоа му подлежи на кармичкиот закон, на законот за акција и реакција, кој за секое добро (или пак лошо) дело предвидува соодветна (добра или лоша) последица. Под карма на одредена личност се подразбира „однапред определени последици на извршените дела по слободна волја."
Кармичкиот закон не е само некоја источна теорија, туку е природен закон чија неизбежност е рамна на законот за времето или законот за гравитацијата. Овој закон се споменува дури и на повеќе места во Библијата: „Немојте да се лажете: Господ не дозволува со него де се тераат шеги; она што човекот ќе го посее, тоа и ќе си го пожнее." (Гал. 6,4) „Немојте да судите, да не ви биде и вам судено! Онака како што вие ќе судите, така и вам ќе ви биде судено, според мерката со која мерите и доделувате, и вам ќе ви биде мерено и доделувано." (Проповед на ридот на Христос, Матеј 7,1-2)
Според божјиот закон, човек добива прикладна последица за сите дела што ги сторил. Ова нема примена само во физиката (третиот закон на класичната механика на Исак Њутн), туку и во сите други области на човековиот живот. Co тоа, болките и страдањата што ние им ги чиниме на останатите живи суштества порано или подоцна ни се враќаат и нам.
Основа за разбирање на кармичките закони е сознанието дека сите живи суштества имаат душа, што значи дека сите тие се духовни бесмртни души што престојуваат во минливи тела, со цел да собераат извесни искуства и исполнат извесни задачи на овој свет. Во веќе споменатиот свет текст Бхагавад-Гита е опишано дека духовна душа е изворот на свеста што го проникнува целото тело и му дава живот. Кога душата ќе си отиде од телото или пак ќе биде принудена да го напушти, зборуваме за „смрт". Предвременото уништување на телото на една душа, како што е тоа случај со убивањето животни, е чин што на сторителот мора да му донесе последици.
И покрај тоа што сите живи суштества имаат душа, единствено душата во човечкиот живот ја поседува слободата на свесно одлучување. Покрај таа слобода, човекот има и одговорност за она што го чини, a со тоа тој подлегнува во своето делување на кармичкиот закон. Затоа човекот и треба да ги разбере повисоките начела на животот - како на пример кармичките закони и етичките норми за воздржување од насилие - и да делува според нив. „Не (сакам да) знам" не го заштитува од последиците на кармичките закони.
Ова сознание го прави бесмислен познатиот изговор - „И животните убиваат други животни и го јадат нивното месо за да преживеат." Пред се, ова не важи за сите животни, a освен тоа ни оддалеку не говори дека повисоко развиениот човек поради тоа исто така го поседува правото да убива за да се исхрани - барем не во услови кога тоа не му е неопходно за да преживее, како што е тоа многу подробно објаснето во погорните делови. Токму од човекот се бара и очекува да ги стави етичките и божјите принципи над своите кратковиди апетити. Преку тоа човекот може да ја изрази својата „надреденост" над животнте, a не со тоа што бессовесно ги искористува и коле.
Вистинското разбирање на кармичките закони ги опфаќа најразличните последици од убивањето животни: дури и кога човекот не го убива животното самиот, туку ја остава оваа работа на професионалниот касап, со овој свој чин тој си засекува во сопственото месо. Бидејќи, според кармичките закони, последици им следуваат на сите чинители на едно дело - на оној што го одгледува животното, на оној што го убива, на оној што го продава месото, на оној што го служи и на оној што го јаде.

 

Колективната карма и денешната ситуацијата во светот

 

Кармичките закони не важат само индивидуално, туку и колективно, што значи дека тие имаат влијание и во однос на добрите или лошите дела што една група луѓе ги чини или пак трпи (семејство, месна заедница, нација, па дури и целото население на планетава). Кога луѓето заедно ќе постигнат почит на законите на создавањето и животот, тогаш од тоа добро има сето општество. Но, кога едно општество потпомага или дозволува безбожни, грешни и насилни дела, тогаш целото тоа општество ќе страда од соодветната колективна карма, што може да се изрази преку војни, природни катастрофи, зарази или пак епидемии.
Многу луѓе во денес се плашат од војна, но во исто време дозволуваат во кланиците, во „фабриките" за товење и во лабораториите каде се вршат експерименти мад животните, секојдневно и ширум светот да се вршат барем исто толку ѕверства; не се ни свесни колку блиску се поврзани овие два вида насилство.
Оној што може да ги разбере овие заемни односи треба добро да се замисли за денешната состојба во светот. И покрај тоа што потрошувачката на месо во земјите од германското говорно подрачје од крајот на осумдесеттите години е во благо опаѓање, светската потршувачка на месо и покрај сите предупредувања е во пораст. Статистиките велат дека во индустриските нации годишната потрошувачка на месо по жител од крајот на Втората светска војна наваму е зголемена скоро за двапати и дека во последните неколку години западните месни и месопреработувачки индустрии навлегуваат во земјите на источна Европа, со цел да заработат од новите, гладни пазари. Co збунувачки и погрешни рекламни слогани како на пример „Месото е парче животна сила" или „Месото е здраво" ги наведуваат потрошувачите да купуваат месо. Co државна помош се отвораат редица фарми и кланици и си повеќе нови земји се преплавени од месните и „хамбургер" мултинационални концерни. (Нивната најнова цел е HP Кина со своите повеќе од една милијарда жители.) На тој начин, светскиот товар на колективната карма од година в година се зголемува.

 

Моќта на поединецот

 

Но, што можеме да сториме ние како поединци против оваа многукратно посилна машинерија? Па, барем можеме да почнеме од нас самите!
Денес е многу поважно отколку било кога досега секој поединец зрело да промисли над своите навики за исхрана и да согледа дека јадењето месо не е едноставна и приватна работа! Преголеми се штетите што се појавуваат како последица од јадењето месо - за сопственото здравје, за животните, за човековата околина, па дури и за целата планета. Никој нема право да се надева дека растечките' светски проблеми ќе се решат се додека ние како поединци не сме подготвени да го промениме сопствениот начин на живот. Вегетаријанскиот начин на живот е само првиот конструктивен чекор во таа насока.
Кармичките закони не само што можат да ни ги прикажат последиците од светската потрошувачка на месо, туку воедно ни го посочуваат и практичниот излез од оваа ситуација. Дури и кога се чини дека нема ништо да промениме во светот ако самите станеме вегетаријанци, овој чекор веднаш ја менува нашата индивидуална карма! A колективната карма е само отколку збир на сите поединечни кармички реакции на сите луѓе. Co тоа, секоја личност што ќе се реши да не го следи и поддржува самоубиствениот развој на денешнинава, со своето решение ја намалува и лошата колективна карма која лебди над сите луѓе.
Тоа е големиот придонес што секој од нас може да го даде за себе и за светот: да се реши на овој важен чекор - да започне да живее вегетаријански!

 

Вегетаријанството и свеста за Бога

 

Кармичките закони ни ги откриваат вистинските причини на многузначните опасности што денес му се закануваат на човештвото: безбожното делување во незнааење на поединецот и неодговорното делување на владите на различните држави.
Мајката земја-страдалничка не се тетерави под големиот број луѓе што ги носи на себе, туку под преголемиот број луѓе што несоодветно се однесуваат. Здравјето, правдата, мирот и иднината вредна за живот ќе останат само утопии доколку не се преземе нешто со цел да се намалат делата што со себе повлекуваат лоша колективна карма. Научниците, политичарите и претставниците на големите религиозни институции очигледно имаат потфрлено на ова поле, бидејќи се чини дека ја загубиле нишката на знаењето за повисоките природни закони, за Бога, за Створителот на природата.
Но изворите што ни го пренесуваат знаењето за кармата и кармичките закони - како, на пример, староиндиските Веди - ни покажуваат еден реален и конкретен пат кон решение, со тоа што ги запознаваат луѓето со точната содржина на божјите закони и начинот како човек може да ги следи, соодветно на местото, времето и околностите.
Ведите ја нарекуваат денешнинава Кали-југа, еден „период на караници и лицемерност". Во Ведите е претскажано дека поради безбожните дела на луѓето во Кали-југа, земните богатства се повеќе и повеќе ќе се намалуваат; луѓето ќе мораат напорно да работат по цели денови за да можаат да си обезбедат место за спиење и малку храна. Тоа веќе е така: најголемиот број луѓе на земјава немаат време за ништо друго освен за јадење, спиење, работа и барање работа. Се чини дека скоро никој нема време за потрага на својот внатрешен и надворешен мир, за повисоките прашања за животот, за етиката, филозофијата и религијата. Токму тоа е и вистинската задача на човекот, кој за разлика од животните е самиот одговорен за делата во својот живот.
Решението не може да се најде само во вегетаријанството, туку во еден природен начин на живот, начин на живот свесен на Бога, што како логична последица го опфаќа и вегетаријанството. Освен вегетаријанството, стремежот кон овој начин на живот ги содржи и развивањето и менувањето на основната лична и колективна свест, како што денес веќе од многу места се бара, но за жал не се спроведува дури ни од сите гласноговорници и заговарачи на промените. Таквата принципиелна и темелна промена на свеста на луѓето може да стане постојана, a со тоа и да го победи насилниот карактер на денешнинава, кој се стреми кон кавга и конфликт, само тогаш, кога ќе му се посвети на заедничкиот центар на сите луѓе и сите живи суштества - на Бога.
Во однос на ова прашање Багавад-Гита ни дава еден едноставен совет: треба постојано да се обидуваме сето она што го чиниме да го посветуваме на Бога со љубов и благодарност. Овој принцип може да се примени во сите области на човечкиот
ивот, дури и во однос на јадењето. Затоа што Господ преку своето создавање ни ја става на располагање храната, ние треба сето она што го јадеме да му го понудиме Нему, барем со мала, вистинска молитва, или преку соодветни ритуали на осветување кои се својствени на сите религиски традиции.
Ако Вие сега, почитувана читателке или почитуван читателу, се чувствувате повикани и самите да почнете вегетаријански да се храните и сакате да дознаете повеќе за промената на својата свест, оваа брошура ја има исполнето својата цел.
Од се срце Ви благодариме за вашиот придонес и заедно со вас се радуваме на една подобра, ненасилна иднина, проткаена со љубовта кон Бога.



 
Библиографија

Книги за вегетаријанството

Студии со вегетаријанци - исхрана, здравје, очекуван животен век (Studien mit Vegetariern - Ernahrung, Gesundheit, Lebenserwartung)
Второ издание 1993; Дистрибуција преку Германскиот вегетаријански сојуз, Хановер (Hannover)

Месо - симболот на моќта (Fleish - Symbol der Macht) Ник Фидес (Nick Fiddes); Издавач: Zweitausendeins, Франкфурт/Мајна, (Frankfurt/M) 1993
Вегетаријански прирачник — практичен u духовен прирачник за новопечени вегетарцјанци (Vegetarier-Handbuch - Praktisches und Besinnliches fur frischgeback-ene Vegetarier/innen) Бернд Хукер (Bernd Нбскег); Издавач: Hocker-Verlag, Хамбург (Hamburg) 1995

Јадење од трупови - етички причини за вегетаријанска исхрана (Leichenschmaus - Ethische Griinde fur eine vegetarische Ernahrung) Хелмут Ф. Каплан (Helmut F. Kaplan), Издавач: rororo-Verlag, Рајнбек (Reinbek) 1995

Зошто сум вегетаријанец - искажувања од познати личности (Warum ich Vegetarier bin - Prominente erzahlen) Хелмут Ф. Каплан (Helmut F. Kaplan), Издавач: rororo-Verlag, Рајнбек (Reinbek) 1995

Животните како суровина - измачени, убиени, продавани (Tiere als Ware - gequalt, getotet, vermarktet) Манфред Кареман/Карл Шнелтинг (Manfred Karremann/Karl Schnelting); Издавач: Fischer TB-Verlag, Франкфурт/Мајна (Frankfurt/M) 1993

Вегетаријанска исхрана како научна претстава (Vegetarische Ernahrung - Eine wis-senschaftliche Darstellung) Клаус Лајтцман/Андреас Хан (Claus Leitzmann/Andreas Hahn); Издавач: UTB-Verlag, Штутгард (Stuttgart), 1996

Meco ... или последиците на една несвесна навика во исхраната (Fleisch ... oder die Folgen einer unbewufiten Efigewohnheit Аксел Maj ep (Axel Meyer); Издавач: Toasis-Verlag, Лемго (Lemgo) 1993
Простување co месото - младите информираат за своите мотиви за бојкотирање на месото (Abschied vom Fleisch - Jugendliche informieren iiber Motive ihres Konsum-boykotts) Аксел Majep (Axel Meyer); Издавач: Toasis-Verlag, Лемго (Lemgo) 1995

Исхрана за луѓето и земјата - основни принципи на една нова етика на јадењето (Ernahrung fur Mensch und Erde - Grundlagen einer neuen Ethikdes Essens Кристијан Опитц (Christian Opitz); Издавач: Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Wald-feucht) 1995

Десет причини за да ce прекине co јадењето месо (Zehn Griinde, kein Fleisch mehr zu essen) Фолкер Елис Пилгрим (Volker Elis Pilgrim); Издавач: rororo-Verlag, Рајнбек (Reinbek) 1992

Исхрана за новиот милениум (Ernahrungfur ein neues Jahrtausend) Џон Робинс (John Robins); Издавач: Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Waldfeucht) 1995

Земјата празнично ве угостува — вегетаријанството u светските религии (Die Erde bewirtet euch festlich - Vegetarismus und die Religionen der Welt) Стивен Росен (Steven Rosen); Издавач: Adyar-Verlag, Зателдорф (Satteldorf) 1992

Вегетаријанска алтернатива - 50 добри причини da ce jaдe помалку месо (Die veg­etarische Alternative - 50 gute Griinde weniger Fleisch zu essen) Виктор C. Зусман (Victor S. Sussmann); Издавач: Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Waldfeucht) 1996

Зашто не јадете месо (Why You Dont't Eat Meat) Петер Кокс (Peter Cox); Издавач: Bloomsbury Publishing, Лондон (London) 1992

Вегетаријанство: Филозофијата што cтои зад етичката диета (Vegetarianism: The Philosophy Behind The Etical Diet) Даниел A. Домбровски (Daniel A. Dombrowski); Издавач: Thorsen Publishers, Велингбург (Wellingborough), GB 1985

Вегетаријански готвачи Ведска готвачка уметност - избрани јадења од вегетаријанската кујна на Индија (Vedische Kochkunst - Die erlesensten Gerichte der vegetarischen Kiiche Indiens) Адираца Даса (Adiraja Dasa); Издавач: The Bhaktivendanta Book Trust, Вадуз (Vaduz) 1987

Ајур-Веда - Уметност на готвењето - полновредна u инджидуална храна (Ayurveda -  Die Kunst des Kochens - vollwertig und idividuell) Петра и Јоахим Скибе (Petra und Joachim Skibbe); Издавач: Pala-Verlag, Дармштадт (Darmstadt) 1999

Печење no принципите на Ајур-Веда - колачи, торти & пецта, полновредни u без јајца
 (Backen nach Ayurveda - Kuchen, Torten & Geback, eierfrei und vollwertig) Петра и Јоахим Скибе (Petra und Joachim Skibbe); Издавач: Pala-Verlag, Дармштадт (Darmstadt) 1997

Печење no принципите на Ајур-Веда - леб, лепчиња & пикантерии, полновредно u индивидуално (Backen nach Ayurveda - Brot, Brdtchen & Pikantes, vollwertig und individuell) Петра и Јоахим Скибе (Petra und Joachim Skibbe); Издавач: Pala-Verlag, Дармштадт (Darmstadt) 1998

Вегетаријанско готвење - на индиски начин (Vegetarisch Kochen - indish) Јашода Ајтал (Yashoda Aithal); Издавач: Pala-Verlag, Дармштадт (Darmstadt) 1994

Мултикултура - најдобрите вегетаријански рецепти од целиот cвem (Multi Kulti -  Die besten vegetarischen Rezepte aus aller Welt) Вики Џексон (Vicki Jackson); Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Waldfeucht) 1996

Вкусна животна сила - 235 рецепти co сирови (термички необработени) состојки (Kostliche Lebenskraft - 235 Tezepte aus der Rohkostkuche) Андреа Опиц (Andrea Opitz); Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Waldfeucht) 1995

Вегетанисимо - вака готват вегетаријански јадења познатите луѓе (Vegetanissimo -  So kochen Prominente vegetarisch) ПЕТА (PETA); Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Waldfeucht) 1997

Здрава исхрана за моето дете (Gesunde Ernahrung fur mein Kind) Марен Бусторф-Хирш (Maren Bustorf-Hirsch); Издавач: Falken-Verlag, (Niederhausen) 1996                                          

Храна за нашите деца, разновидна и вкусна (Kinderernahrung lebendig und schmack-haft) Урс Хохстрасер-Махараџ (Urs Hochstrasser-Maharaj); Издавач: Hans-Nietsch-Verlag, Валдфојхт (Waldfeucht) 1995

Hanpaвeтe cu полновреден сладолед - без животински белковини (Vollwert-Eis selb-stgemacht - ohne tierisches Eiweifi) Иик Носем (Nick Nossem); Издавач: Pala-Verlag, Дармштадт (Darmstadt) 1996

Уметноста на индиското вегетаријанско готвење (The Art of Indian Vegetarian Cooking) Јамуна Деви (Yamuna Devi); Издавач: Bala Books, Old Westbury, NY (USA) 1987

Прекрасни вегетаријански јадења - над 240 рецепти од целиот cвem (Gret Vegetar­ian Dishes - Over 240 recepies from around the world)
Курма Даса (Kurma Dasa); Издавач: Bhaktivendanta Book Trust, Australia, Ботани (Botany) 1990

За сите прашања поттикнати од темите што се обработуваат во оваа брошура, или пак за дополнителни примероци од брошурава, ве молиме обратете се на доленаведенава адреса:
http://www.harekrishna.mk/index.html